Вести

  • Македонија 11.01.2016 11:42

    Eвропратениците Вајгл, Ховит и Кукан во Скопје

    Членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои посредуваа во напорите за постигнување на договорот од Пржино, денеска ќе ја посетат Македонија.

    Европратениците се очекува да одржат одвоени средби со лидерите на политичките партии потписници на договорот.

  • Свет 11.01.2016 11:40

    Јемен: 4 жртви во напад врз болница на лекари без граници

    Најмалку четири лица загинаа, а десетина се ранети во ракетен напад врз болница на хуманитарната организација „лекари без граници“ во северен Јемен.

  • Економија 11.01.2016 11:34

    Се стабилизира берзанската цена на суровата нафта

    Прекумерната понуда и слабата побарувачка, ја стабилизираа берзанската цена на суровата нафта на ниво од 34 долари за барел. Лондонската затвори со 33,84, а слично ниво од 33,27 беше забележано и во САД.

  • Македонија 11.01.2016 11:26

    МВР: За 24 часа издадени 830 потврди за азил

    Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 830 странски државјани, од кои 376 се од машки пол, 169 се од женски и 285 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

  • Македонија 11.01.2016 10:44

    Седници на две собраниски комисии

    Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за прашања на изборите и именувањата.

  • Македонија 11.01.2016 10:42

    На „Ало докторе“ за една недела 1.386 повици

    На телефонската линија 02/15 123  за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 4 јануари до 10 јануари) имало 1.386 повици.

  • Свет 11.01.2016 10:27

    Мицотакис нов лидер на Нова демократија

    Синот на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис и братот на некогашната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, Кирјакос Мицотакис вчера е избран за нов лидер на опозициската конзервативна партија Нова демократија.

  • Економија 11.01.2016 10:21

    Нова програма за рурален развој вредна над 33 милиони евра

    Подигнување на нови лозови и овошни насади, набавка на добиток, механизација, системи за наводнување и поддршка на млади земјоделци се дел од мерките кои и оваа година ќе се ко-финансираат преку програмата за рурален развој.

  • Култура 11.01.2016 10:17

    Почина Дејвид Боуви

    Светската музичка легенда, Дејвид Боуви, почина на 69 годишна возраст, по 1,5 годишна борба со ракот. Веста за неговата смрт ја потврди синот Данкан Џоунс, кој од медиумите во Британија побара да ја почитуваат семејната приватност.

  • Македонија 11.01.2016 08:52

    Средба Груевски- Бајден во Вашингтон

    Реформите и демократските процеси во Македонија, активности за продлабочување на меѓусебните односи и соработка, зголемување на економската соработка и трговијата, безбедносни прашања и интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија, ќе бидат темите на разговор во Белата куќа

Pages