Цвеќе и минута молк во катлановско Блаце. Оддадена почит на 11- мина македонски мировници, кои пред осум години загинаа во хеликоптерската несреќа по враќање од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
Вести
-
Македонија 12.01.2016 15:04
-
Македонија 12.01.2016 14:57
Нема загинати нути повредени македонски државјани во нападот во Истанбул
Македонскиот конзулат во Истанбул со внимание ја следи ситуацијата. Генералниот конзул Абаз лично на терен. За МТВ вели дека нема загинати ниту повредени македонски државјани.
-
Македонија 12.01.2016 14:42
Од силниот ветер 15-тина битолски села останаа без електрична енергија
Жителите на 15-тина битолски села од подпелистерието и пограничниот регион кон Грција ноќта и претпладнето ги поминаа без електрична енергија во своите домови и деловни објекти.
-
Економија 12.01.2016 14:36
„Купи куќа за млади“ во финална фаза во Собрание
Проектот „Купи куќа за млади“ е во финална фаза во Собранието, доби зелено светло од матичната комисија. Усвоени се два амандмана: со првиот, проектот се прошири и за оние кои имаат полни 35 години.
-
Македонија 12.01.2016 14:28
10 месеци затвор за негувателката што малтретираше старица од Скопје
Десет месеци затвор доби негувателката која ја малтретираше 84-годишната болна и тешко подвижна старица. Судењето заврши во едно рочиште.
-
Македонија 12.01.2016 14:15
Вајгл, Кукан, Ховит: Целосно да се спроведе договорот од Пржино
Европратениците Вајгл, Кукан и Ховит со официјална изјава по средбите со четирите наголеми политички партии, потписници на договорот од Пржино. Според нив, клучно за одржување фер и демократски избори е целосно спроведување на договорот.
-
Македонија 12.01.2016 13:47
30 стипендии за студенти Роми
Објавен конкурс за доделување 30 стипендии за редовни студенти од Ромска националност запишани на додипломски студии на државните и приватните универзитети во академската 2015/2016-та година.
-
Македонија 12.01.2016 13:28
Метео: Утре слаби врнежи од дожд
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе променливо облачно време со слаби врнежи од дожд во делови од земјава.
На повисоките места се очекуваат врнежи од дожд и од снег, а на планините само од снег.
-
Култура 12.01.2016 13:25
Гала концерт во МОБ со хитовите од „Макфест“
Со настап во живо, во гала концертна варијанта, 68 музичари, 12 рок и поп пејачи, како и еден диригент, вечер, во Mакедонската опера и балет (МОБ), низ 15 рефрени, ќе го пренесат најдоброто од досегашните 25 години „Макфест“.
-
Економија 12.01.2016 12:52
Расте бројот на странски и на домашни туристи
За 14,6 проценти пораснал бројот на туристите во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16,5%, покажуваат податоците на Државната статистика.










