Никола Манев и Роберто Велковски се првите двајца питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ кои годинава еден семестар ќе студираат на „Норвич“, најстариот воен универзитет во САД.
Вести
-
Македонија 11.01.2016 14:15
-
Македонија 11.01.2016 14:02
Метео: Утре променливо облачно и ветровито
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со засилен, а во западните планински делови на моменти силен ветер од западен и југозападен правец кој на моменти ќе достигне брзина и до 90 километри на час.
На места се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
-
Свет 11.01.2016 13:53
Украина со ембарго против Русија
Во Украина од денеска стапи на сила уредбата на владата, со која се воведуваат ограничувања во трговијата со Русија.
-
Македонија 11.01.2016 13:35
Димовски избран за претседател на Анкетната комисија за аферата со фалсификуваните документи
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски е избран за претседател на Анкетната комисија што треба да ја расчисти аферата со фалсификувањето на личните карти, пасоши и други документи.
-
Економија 11.01.2016 13:14
Бензините и дизелот со пониска цена
Ново поевтинување на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, дизелот за еден денар.
-
Култура 11.01.2016 13:07
Заминување на легендата: Почина Дејвид Боуви
Светската музичка легенда, Дејвид Боуви, почина на 69 годишна возраст, по 1,5 годишна борба со ракот. Веста за неговата смрт ја потврди синот Данкан Џоунс, кој од медиумите во Британија побара да ја почитуваат семејната приватност. Боуви починал мирно, во кругот на семејството.
-
Македонија 11.01.2016 12:49
Хан во петок во Скопје
Еврокомесарот Јоханес Хан дефинитивно ќе ја посети Република Македонија во петок, на 15-ти јануари, јави дописникот на МИА од Брисел.
-
Македонија 11.01.2016 12:42
Двајца питомци од Воената академија на престижниот Универзитет Норвич
Двајца питомци од воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ годинава еден семестар ќе студираат на „Норвич“, најстариот воен универзитет во САД. Во наредниот период се очекува и студенти од престижниот универзитет да престојуваат во државава.
-
Свет 11.01.2016 12:16
Tурција планира да воведе работни визи за сириските бегалци
Турција планира да започне со издавање на работни визи на сириските бегалци, со што би се намалил нивниот притисок за заминување во европските земји, соопшти денеска тускиот министер за европски прашања Волкан Бозкир.
-
Свет 11.01.2016 11:47
Рамади: Ирачките сили евакуирале 635 цивили
Ирачките сили евакуирале 635 цивили од Рамади, град кој пред две недели го ослободија од екстремистите на Исламска Држава.










