30-дневен притвор доби 44-годишен скопјанец, кој вчера ја нападнал сопругата. Со нож и сатар и нанел тешки телесни повреди. Јавен обвинител наредил спроведување истражна постапка за сторено кривично дело убиство во обид.
Вести
-
Македонија 04.01.2016 10:50
-
Македонија 04.01.2016 10:47
Речиси 70.000 повици на „Ало докторе“ досега
На бесплатната телефонската линија „Ало докторе“ изминатите седум дена имало 1.322 повици. Од 15-ти септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 69.560 повици.
-
Македонија 04.01.2016 10:45
Фрлени 280 тони сол на улиците во Скопје
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлиле 280 тони сол за расчистување на снегот од градските улици и булеварите.
-
Економија 04.01.2016 10:40
Ќе се реши проблемот на околу 400 земјоделци за остварување на пензија
Околу четиристотини индивидуални земјоделци кои не можеле да остварат право на старосна пензија, од годинава ќе можат да го докупат стажот што им недостига.
-
Македонија 04.01.2016 10:25
Лиценци за проценители на тутун
Кандидатите кои сакаат да полагаат испит за добивање лиценца за проценка на тутунот треба да бидат со соодветно високо, вишо или средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун.
-
Македонија 04.01.2016 08:40
Укината забраната за камиони на Стража, Маврово и Пресека
Снегот престана да паѓа. Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека и на патот кон Маврово. Од „Македонија пат“ велат дека нивните екипи се постојано на терен и снегот се чисти.
-
Македонија 03.01.2016 20:42
Блокиран сообраќајот на превојот Пресека
Поради излизгување на товарно моторно возило на коловозот, сообраќајот на планинскиот превој “Пресека“ е блокиран во двата правци, соопшти АМСМ.
-
Свет 03.01.2016 16:45
Балканот зафатен од снежно невреме
Државите од регионот изутринава беа оковани од снег, кој поради силниот ветер формира наноси, на приморските области паѓа дожд, а сите главни сообраќајници се проодни, иако сообраќајот се одвива успорено.
-
Култура 03.01.2016 15:57
Нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“
Нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ денеска беа промовирани во Порта „Македонија“ со што полека се заокружува овој Владин проект, кој опфаќа превод на вкупно 560 дела од светски познати автори.
-
Економија 03.01.2016 15:39
Најниската пензија од 2006 година зголемена за 94 отсто, просечната за 79 проценти
За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти со кое од доаѓањето на оваа Влада во 2006 година најниската пензија е зголемена за 94 проценти, а просечната за 79 отсто.










