Вести

  • Свет 28.12.2015 11:50

    Безбедносна закана во Лондон за новогодишната ноќ

    Британските безбедносни власти покренаа тревога во Лондон за пречекот на Новата 2016-та година во центарот на британскиот главен град, поради страв од можен терористички напад, откако разузнавачките агенции добиле предупредување за можен терористички напад како оној во Париз на 13-ти ноември.

  • Македонија 28.12.2015 11:41

    Притвор за негувателката од Скопје што малтретираше старица

    Судија на претходна постапка и одредил осум дневен притвор на 64- годишната жена која се сомничи за кривично дело- телесна повреда.

    Осомничената се товари за повреди нанесени на изнемоштена 84-годишна старица која и била доверена на чување.

  • Свет 28.12.2015 11:27

    Тројца турски војници загинаа во бомбашки напад

    Тројца турски војници загинаа откако нивното оклопно возило нагазило на бомба поставена на еден пат во југоисточна Турција. Во областа претежно живеат Курди кои според властите се одговорни за нападот.

    Во нападот полесно се повредени уште две лица, од кои едниот е полицаец.

  • Култура 28.12.2015 11:24

    Пет нови театарски објекти и нов конгресен центар

    Нови објекти ќе добијат Драмски, Театар Комедија, Универзалната Сала, ќе се гради и римски театар во Скупи. Премиерот Груевски за в година најави градба на 4 културни институции во земјава. Готов е проектот за Драмскиот театар и следниот месец ќе биде објавен тендерот за изградба.

  • Економија 28.12.2015 11:18

    НБРМ ги укина заштитните мерки кон Грција

    По шест месеци, престануваат да важат посебните заштитни мерки кои македонската Народна банка ги донесе како одговор на грчката должничка криза.

  • Македонија 28.12.2015 11:15

    МВР: За 24 часа издадени нови 3.954 потврди за азил

    Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.954 странски државјани, од кои 1.552 се од машки пол, 812 се од женски, 1.579 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11 деца кои патуваат без р

  • Свет 28.12.2015 10:43

    Нов напад на талибанците во близина на Кабул

    Еден цивил загина, а четворица се ранети во самоубиствен напад на талибанци со автомобил-бомба во близина на аеродромот во Кабул.

    Цел на нападот биле најверојатно војници од НАТО. Портпарол на талибанците на Твитер објави дека групата ја презема одговорноста за нападот.

  • Македонија 28.12.2015 10:20

    Тетово и Скопје најзагадени

    Во Тетово, Скопје, Битола, Кичево и Кочани и денеска се регистрирани високи концентрации на ПМ 10 честички.

  • Свет 28.12.2015 10:17

    Јужна Америка: 10 жртви во поплави, 160 илјади евакуирани

    Најмалку 10 луѓе загинаа, а 160 илјади се евакуирани поради поплавите предизвикани од обилните дождови што ги погодија Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај.

    Четири лица загинале во свлечишта во Бразил, две во Аргентина и уште четири во Парагвај.

  • Свет 28.12.2015 10:07

    Нигерија: 15 жртви во напад на Боко Харам

    Најмалку 15 лица загинаа во напад на исламистите од Боко Харам во нигерискиот град Мајдугури. Ова е прв напад на Боко Харам изминатите месеци врз Мајдугури, кој е главен град на провинцијата Борно.

Pages