Нов договор за инвестиција во индустриската зона Бунарџик. По „Хај-тек“ уште една македонската компанија ќе гради во индустриската зона Бунарџик. „Технопласт“ ќе вложи 10 милиони евра. Инвестицискиот циклус ќе се одвива во две фази. Планирани се 200 вработувања.
Вести
-
Економија 29.12.2015 14:59
-
Култура 29.12.2015 14:42
Повеќе од 2.000 проекти од културата реализирани годинава
Во 2015-та година реализирани се повеќе од 2.000 проекти од културата, исполнети се 98 проценти од годишната програма – министерката Канческа- Милевска реферираше за сработеното. Ресорот поддржал повеќе од 95 проценти од културните настани, иницијативи и проекти.
-
Македонија 29.12.2015 14:36
Случај „Пуч“: Укинат притворот на Зоран Верушевски
Прифатено е барањето за ослободување од притвор на Зоран Верушевски, првообвинет за „Пуч“. Судот решил да ја прифати кауцијата, потврдена со гаранција за имот, за да може поранешниот разузнавач да излезе од притвор.
-
Македонија 29.12.2015 14:20
Полициски службеници од Хрватска и Србија патролираат заедно со македонските на границата со Грција
За справување со предизвиците од бранот бегалци и мигранти, полициски службеници од Хрватска и Србија веќе патролираат на македонско- грчката граница заедно со македонските колеги.
-
Македонија 29.12.2015 13:53
Годинава 144 лица загинале во сообраќајни несреќи
144 лица годинава го загубиле животот во сообраќајни несреќи на македонските патишта. Од нив 9 се деца на возраст до 4 години и 13 деца на возраст од 5 до 18 години.
-
Македонија 29.12.2015 13:42
Воздухот најзагаден во Тетово и во Скопје
Воздухот и денеска е најзагаден во Тетово и во Скопје. Високи концентрации на ПМ 10 честички има и во битола и во кичево. Владата завчера поради загадувањето донесе заклучоци и препораки кои се однесуваат на општините каде што се високи концентрациите.
-
Економија 29.12.2015 13:41
Ставрески: Индустрискиот раст ќе помогне да се реализира планираниот економски раст
Трендот на раст на индустријата во последните четири месеци е извонреден и двоцифрен и покажува дека имаме добар влез во следната година и ќе помогне не само да се оствари планираната стапка на раст од 3,5 проценти за годинава, туку и да имаме добар старт на 2016 година и да го реализираме растот
-
Економија 29.12.2015 13:38
Потпишан договорот за топлификација на Битола
Во Владата е потпишан договорот со германската КФВ Банка за топлификацијата на Битола. Проектот се проценува на 46,5 милиони евра.
-
Македонија 29.12.2015 12:54
Имотен лист од дома- пуштен во употреба нов дистрибутивен систем на Катастарот
Од денеска граѓаните може да нарачаат имотен лист од дома. Пуштен е во употреба новиот дистрибутивен систем на Kатастарот. Корисниците бараните податоци можат да ги добијат во дигитална или хартиена форма.
-
Свет 29.12.2015 12:39
Брисел: Уапсени две лица, планирале напади на новогодишната ноќ
Две лица се уапсени, под сомнение за планиарње на напади за време на празниците во европската престолнина и во фламански Брабант и Лиеж. Нивната цел биле повеќе места во Брисел кои се сметаат за „икони“ во градот – објави Федералното обвинителство.










