Пред 71 година за прв пат во етерот се слушна македонскиот збор на Радио Скопје. Пред 51, пак, од зградата во Нерези се емитуваше и првиот телевизиски Дневник. Оттогаш, со голем ентузијазам Македонската радио телевизија ги бележи сите настани автентично како на филмска лента.
Вести
-
Македонија 28.12.2015 15:14
-
Економија 28.12.2015 14:56
33 проценти од претприемачите се жени
33 проценти од претриемачите во земјава се жени. Македонија не отстапува од европскиот просек.
-
Економија 28.12.2015 14:48
Извршители: Прво предупредување за долгот, а потоа наплата
Наместо блокада на сметка, извршителот ќе ве контактира за да ви го наплати долгот.
-
Економија 28.12.2015 13:42
Раст на индустриското производство од 11,5% во ноември
Индустриското производство продолжува да расте. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во ноември годинава, споредено со ноември лани, пораснало за 11,5%.
-
Економија 28.12.2015 13:24
Нето платата во октомври 22.213 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2015 година во Македонија изнесувала 22.213 денари, што е зголемување за 2,3 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Македонија 28.12.2015 13:18
Прво предупредување за долгот, а потоа наплата
Должниците ќе бидат предупредени пред да им бидат блокирани сметките. Можност сами да ги достават податоците што им се потребни на извршителите. Законските измени за извршување се во собраниска процедура. Граѓаните повеќе нема да имаат трошоци за деблокирање на сметка.
-
Македонија 28.12.2015 13:16
Новогодишна хуманитарна акција „Да споделиме радост“
Доделени подароци на децата со посебни потреби и на децата од семејства со социјален ризик- донација од Црвениот крст и ЕВН Македонија.
-
Култура 28.12.2015 13:01
Со „Метаморфози“ Битолскиот театар ја заокружи богатата сезона
Најновата премиера „Метаморфози“, во режија на Лили Абаџиева ја заокружува богатата театарска година на Битолскиот Народен театар. На познатата бугарска режисерка по претставата „Женидба“, која на сцената ја постави пред десетина години и имаше голем успех, ова е нејзин втор театарски проект.
-
Економија 28.12.2015 12:57
Бензините поевтинуваат за еден, дизелот за три денари
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за еден, а дизелот за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63,50 денари.
-
Економија 28.12.2015 12:53
Пет странски компании заинтересирани за „Злетово“ и „Тораница“
Пет странски компании пројавиле интерес за преземање на рудниците „Злетово“ и „Тораница“. Станува збор за по една американска, руска, австралиско-канадска и англиска компанија како и еден американски инвестициски фонд, кои имаат искуство во менаџирање со рудници.










