Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места, информираат од Македонија пат.
Вести
-
Македонија 29.12.2015 09:16
-
Економија 28.12.2015 17:28
Изградени и рехабилитирани над 400 локални патишта
Државата го заокружува големиот проект за изградба на локалната патна инфраструктура во Македонија тежок 65 милиони евра. Во преку 400 патишта се и двата нови во прилепско - до манастирот Света Петка во Лениште и до месноста Маркова чешма од 2,6 километри.
-
Економија 28.12.2015 16:51
ИТ зоните ќе отворат нови работни места, има интерес од странски компании
Со низа поволности државата ќе привлекува инвеститори од областа на информатичките технологии . Во рамките на ТИРЗ ќе се отвораат ИТ зони, а целта според премиерот Груевски е да се привлечат компании за да инвестираат во Македонија и да отворат нови работни места за инженери од земјава.
-
Македонија 28.12.2015 16:46
Нови методи во Клиниката за кардиохирургија
За прв пат во историјата на македонското здравство вградени се вештачки срцеви залистоци без отворање на градниот кош. Операција без рез и анестезија применета кај четворица пациенти. Сите се во добра состојба.
-
Економија 28.12.2015 16:25
Нафтените деривати поевтинуваат
Новогодишните празници ќе ги минеме со поевтини нафтени деривати. Регулаторна ја намали цената на бензините за денар, а на дизелот за дури 3 денари. Најмногу- 3,5 денари поевтинува екстра лесното масло за домаќинство.
-
Македонија 28.12.2015 16:09
Груевски: СДСМ бега од избори
СДСМ не ја исполнува нивната единствената крупна обврска според договорот од Пржино, да ги предаде прислушуваните материјали на Специјалното јавно обвинителство, изјави премиерот Груевски.
-
Свет 28.12.2015 15:41
Сирија: 30 жртви во три бомбашки напади во Хомс
Повеќе од 30 луѓе загинаа, а неколку десетици се повредени во три експлозии во центарот на сирискиот град Хомс.
Во првата експлозија се разнел бомбаш- самоубиец, кусо потоа експлодирал и автомобил- бомба, по што била активирана уште една експлозивна направа.
-
Македонија 28.12.2015 15:32
Ташевска – Ременски поднесе кривична пријава против Спасов
Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска – Ременски поднесе кривична пријава против дополнителниот заменик – министер Спасов и вработена службеничка во министерството.
-
Македонија 28.12.2015 15:22
Метео: Заладување од среда
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба магла по одделни котлини особено претпладне.
Попладне ќе почне да дува умерен северен ветер кој што ќе ни донесе значително заладување и промена на времето од среда.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Култура 28.12.2015 15:21
Наградени 24 дела на конкурсот за класична музика
Од поднесените 34 апликации, наградени се 24 дела во 11 категории на конкурсот за класична музика. За три категории- композиции за мелодиски инструмент, композиции со духовен карактер за мешан хор и композиции за квартет, на конкурсот не пристигнала ниту една апликација.










