Фудбалската историја се повторува, Брегот слонова коска ја освои втората титула на Африканскиот куп на и тоа на речиси ист начин како пред 23 години. Во финалето во Бата – Екваториална гвинеја, Брегот слонова коска по пенали беше подобар од Гана со 9:8, откако по 120 минути немаше голови.
Фудбал
Блог вести
-
Фудбал 08.02.2015 23:58
-
Фудбал 06.02.2015 14:47
Унион Берлин - пример за пофалба!
Германскиот клуб Унион Берлин му понуди нов едногодишен договор на својот фудбалер Бенџамин Келер, иако на 34-годишниот играч му беше дијагностициран рак на желудникот.
-
Фудбал 06.02.2015 12:10
Почина Удо Латек
По долго боледување од Паркинсонова болест, почина Удо Латек, еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот. Имаше 80 години.
-
Фудбал 05.02.2015 12:34
Силна група за нашите фудбалски надежи
На Европско фудбалско првенство не може да се стигне по лесен пат, но задачата на македонските надежи до 21 година ќе биде тешка барем кога се работи за собирот во Полска во 2017-та.
-
Фудбал 31.01.2015 17:55
Австралија ја освои Азија!
Откако премногу доминираше во Океанија, во 2007-ма фудбалски ја префрлија на друг континент, но на Австралија не и требаше долг период, само осум години и три учества да го освои Азискиот куп.
-
Фудбал 12.01.2015 21:12
Златната топка за Кристијано Роналдо
Фудбалскиот свет го доби лауреатот за 2014. За годината во којашто Германија стана репрезентативен светски шампион, а Реал Мадрид европски клупски првак, Кристијано Роналдо од „кралскиот“ клуб ја доби „Златната топка“ од ФИФА.
-
Фудбал 12.01.2015 11:56
Роналдо, Меси или Нојер со „Златната топка“?
Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Мануел Нојер се пред целната линија! Чие лице вечер во Цирих ќе биде осветлено со сјајот на „Златната топка“? Кој од овие тројца великани на фудбалската 2014 година ќе биде прогласен за човек на годината?
-
Фудбал 05.01.2015 15:43
Тофилоски од Кошице во Тур
Македонскиот фудбалски интернационалец, Дарко Тофилоски, од Словачка се сели во Франција. 28 годишниот голман и повремен репрезентативец, е пред потпис со второлигашот Тур.
-
Фудбал 02.01.2015 14:16
Пандев бара пари од Галатасарај
Горан Пандев е пред раскинување на договорот со екипата на Галатасарај. Турскиот фудбалски гигант преговара со Папис Сисе од Њукасл.
-
Фудбал 02.01.2015 13:33
Џерард ќе се збогува од „Енфлилд“
Стивен Џерард ги отстрани нејаснотиите околу неговата натамошна иднина. Великанот на Ливерпул објави дека на крајот на сезонава ќе се збогува од „Енфилд“. Тоа ќе биде набрзо по неговиот 35.роденден.










