Вардар го доби дербито со Металург со убедливи 4-1 во шестото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Црвено – црните експлодираа на стадионот во Ѓорче Петров и рано дојдоа до водство од 2-0. Асани во седмата и Грнчаров во 11-тата минута ја погодија противничката мрежа.
Фудбал
Блог вести
-
Фудбал 31.08.2014 20:22
-
Фудбал 31.08.2014 16:31
Пандев во Галатасарај!
Горан Пандев ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај, јавуваат турските медиуми. На последниот ден од преодниот рок, нашиот најдобар фудбалер се решил да ја прифати понудата на тускиот тим којшто сезонава ќе настапува во Лигата на шампионите.
-
Фудбал 31.08.2014 14:53
Диара во Квинс Парк
Поранешниот француски репрезентативец Ласана Диара е најново засилување на Квинс Парк Ренџерс. 29-годишниот дефанзивен фудбалер од средниот ред ги мина лекарските тестови и потпиша договор со англискиот тим со важност до крајот на сезоната.
-
Фудбал 31.08.2014 14:52
Меси натаму капитен
Лионел Меси и натаму ќе биде капитен на аргентинската репрезентација, соопшти новиот селектор Херардо Мартино. Поранешниот тренер на Меси во Барселона е убеден дека и фудбалерот сака да го задржи статусот којшто го има во националниот тим.
-
Фудбал 31.08.2014 14:50
Металург и Вардар во директна пресметка, Силекс демне
Шестото коло од Првата фудбалска лига на Македонија денеска содржи три натпревари. Дербито е во Ѓорче Петров меѓу Металург и Вардар, две од трите екипи со најдобар ефект досега. Преносот е на Собрансикиот сервис на МРТ од 17 часот.
-
Фудбал 31.08.2014 14:49
Првото дерби за Работнички
Работнички ја совлада Шкендија со 3-2 во премиерниот натпревар од шестото коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Малубројната публика на арената „Филип втори“ уживаше во првиот од двата дерби меча во оваа првенствена рунда.
-
Фудбал 30.08.2014 16:33
Сонг во Вест Хем
Раководството на Барселона реши да го отстапи Алекс Сонг на Вест Хем. Камерунецот ќе игра на „Аптон парк“ до крајот на сезоната, во лигата во којашто се изгради како фудбалер во дресот на Арсенал.
-
Фудбал 30.08.2014 16:07
Ниту Ди Марија не му помогна на Манчестер
Трет натпревар во новата сезона во англискиот фудбалски шампионат, а Манчестер јунајтед повторно не победи. „Црвените ѓаволи“ одиграа нерешено 0-0 на гостувањето кај Барнли.
-
Фудбал 30.08.2014 16:03
Шесто коло, две дерби пресметки
Фудбалерите на Работнички и на Шкендија ќе го отворат шестото коло во нашата Прва лига, последно пред паузата поради натпреварот со Шпанија од квалификациите за Европското првенство.
-
Фудбал 29.08.2014 18:17
Јаховиќ интересен за Крилја Совјетов
Екипата на Крилја Совјетов „фрли око“ на македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ, кој летово од украинска Ворскла го засили нападот на хрватскиот прволигаш Ријека.










