Фудбал

Блог вести

  • Фудбал 19.04.2015 19:21

    Вардар победи со „звукот на сирената“

    Во дербито на 25-то коло од Првата лига Вардар ја совлада Ренова со 1:0. Во 4-та минута од судиското надополнување, Хамбарѕумјан беше стрелец на победничкиот гол. Преостанатите два денешни натпревара  завршија без победник. Металург и Брегалница одиграа 0:0, а Хоризонт и Силекс 1:1.

     

  • Фудбал 18.04.2015 19:02

    Пелистер конечно победи

    Се одиграа првите два натпревара од 25-то коло на фудбалското првенство на Македонија. Работнички ја совлада Шкендија со 1:0 со голот на Алтипармаковски во 4-та минута од судиското надополнување. Пелистер го порази Тетекс со 3:1.

  • Фудбал 16.04.2015 14:33

    Барселона речиси полуфиналист, Баерн на тешки маки

    Ако се суди по блескавото издание во Париз, Барселона со право цели кон нова круна во европскиот фудбал. На импресивен начинот на „Паркот на принцовите“ го парализираше анемичниот и ослабен Пари Сен Жермен и заслужи со 3-1 да го добие третиот меѓусебен двобој сезонава со францускиот првак.

  • Фудбал 16.04.2015 13:38

    Волфсбург против Наполи, за место во полуфинале во Лига Европа

    Германско италијанските пресметки во нокаут рундата отсекогаш привлекувале посебен интерес. Особено кога се работи за екипи кои се при самиот врв во своите шампионати.

  • Фудбал 15.04.2015 19:21

    Работнички и Тетекс финалисти во купот на Македонија

    Екипите на Работнички и Тетекс ќе играат во 23 финале на фудбалскиот куп на Македонија. Во реванш натпреварите и двата тима успеаја да ја задржат предноста од првите дуели (2 : 1) остварена на свој терен.

  • Фудбал 15.04.2015 17:19

    Атлетико и Реал “мирољубиво“ во првиот меч, Јувентус минимално славеше над Монако

    Во првите два четвртфинални натпревари од Л Ш имаше многу тензија, а ниту еден погодок од игра. Мадридското дерби на минатогодишните финалисти во ЛШ на “Винсенте Калдерон“ заврши без голови. Реал беше поактивен во првото, а Атлетико во второто полувреме.

  • Фудбал 15.04.2015 14:48

    ПСЖ и Барселона во нова фудбалска војна

    Во првиот четвртфинален двобој со Барселона, Пари Сен Жермен влегува со силна желба да ги остави зад себе болните спомени од минатите две сезони, кога поради гол помалку на гости испаѓаше токму во оваа фаза од Лигата на шампи

  • Фудбал 15.04.2015 11:57

    Четири погледи кон финалето

    Македонија денеска ќе ги добие финалистите во Купот. Ренова- Работнички и Хоризонт-Тетекс се мегданите по кои ќе се завиорат двете клупски знамиња на завршната битка за пехарот. Голема резултатска тензичност и неизвесност ги следи денешните полуфинални реванш натпревари.

  • Фудбал 14.04.2015 14:29

    Вжештениот „Калдерон“

    Мадрид  е под најсилен фудбалски набој! Атлетико после два месеца одново го пречекува Реал. Како да им нема крај на нивните, неверојатно примамливи пресметки! Сега во непредвидливите  ¼ финални води од Лигата на шампионите.

  • Фудбал 09.04.2015 14:44

    Ѓуровски не прифаќа дека е главен виновник

    Иако напредуваше три позиции, фудбалската репрезентација на Македонија и натаму е под стотото место на ФИФА ранг листата, а екс селекторот Бошко Ѓуровски смета дека и Мурињо и Анчелоти заедно не  би можеле ништо да направат за краток период.

Pages