Фудбал

Блог вести

  • Фудбал 23.04.2015 18:11

    Друловиќ селектор на Македонија

    Во главната конкуренција беа странски стручњаци, а меѓу нив Фудбалската федерација на Македонија го избра Љубинко Друловиќ. 46 - годишниот српски стратег ќе ја предводи македонската репрезентација.

  • Фудбал 23.04.2015 14:27

    Зенит го напаѓа бранителот на трофејот

    Зенит посилен за четирите стандардни првотимци кои отсуствуваа во првиот меч, ќе ја напаѓаат предноста на Севиља од 2-1.

  • Фудбал 23.04.2015 14:24

    Реал и Јувентус последни во полуфиналниот квартет

    Реал конечно го урна Атлетико во осмиот, но најважен меѓусебен двобој на мадридските ривали сезонава и го сочува сонот да стане првиот тим којшто ќе ја  одбрани на европската круна во Лигата на шампионите.

  • Фудбал 22.04.2015 22:40

    Пелистер и натаму тоне

    Се одиграа четири натпревари од 26-то коло на фудбалското првенство на Македонија. Работнички и Металург одиграа нерешено 2:2.

  • Фудбал 22.04.2015 14:44

    Реал и Атлетико во “битката за Мадрид“ за место во големата четворка во ЛШ

    Единаесет месеци по минатогодишното финале во Лисабон, ждрепката ги спои мадридските ривали во 1 /4 финалето. Тогаш Реал ја освои “Ла десима“ и стана првиот во историјата со двоцифрен број европски титули, иако Атлетико имаше водство се до 3 минута од судиското надополнување.

  • Фудбал 22.04.2015 13:38

    Новата првенствена рунда без дербито

    Прволигашите  денеска ќе имаат ново истрчување. Ќе се одиграат четири натпревари од 26 –то коло на фудбалското првенство на Македонија. Вниманието ќе беше фокусирано на дербито во Куманово меѓу Шкендија и Вардар, но од безбедносни причини овој натпревар е одложен.

  • Фудбал 21.04.2015 12:39

    Искушението на Баерн Минхен

    Минатата седмица Баерн влезе во тешко искушение. Нагази на „мина“ во Порто! Последиците беа пораз со 1:3. Епилог непријатен, малку очекуван во редовите на баварскиот гигант, па предизвика немир и барање на виновници. Гвардиола посочи на лекарскиот тим!

  • Фудбал 20.04.2015 16:56

    Шест екипи околу и во плеј - аут зоната

    Лидерот Вардар ја заслужи, но и го посака среќата, за првата првенствена победа сезонава против Ренова од 1:0 со којашт ја одржа предноста од четири  бода пред романтичарите. Во европската трка, Ренова има бод предност пред Шкендија, откако со 1:0 загуби од актуелниот шампион.

  • Фудбал 19.04.2015 19:21

    Вардар победи со „звукот на сирената“

    Во дербито на 25-то коло од Првата лига Вардар ја совлада Ренова со 1:0. Во 4-та минута од судиското надополнување, Хамбарѕумјан беше стрелец на победничкиот гол. Преостанатите два денешни натпревара  завршија без победник. Металург и Брегалница одиграа 0:0, а Хоризонт и Силекс 1:1.

     

  • Фудбал 18.04.2015 19:02

    Пелистер конечно победи

    Се одиграа првите два натпревара од 25-то коло на фудбалското првенство на Македонија. Работнички ја совлада Шкендија со 1:0 со голот на Алтипармаковски во 4-та минута од судиското надополнување. Пелистер го порази Тетекс со 3:1.

Pages