Денеска , полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода С.О.(37) и Ф.А.(36), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 07.06.2023 извршиле тешка кражба во објект на правно лице на ул. „Сава Ковачевиќ“, при што одзеле повеќе предмети.
-
Македонија 08.06.2023 14:57
-
Македонија 08.06.2023 14:56
Партиски тактизирања по лидерската средба
По лидерската средба, партиски тактизирања. СДСМ закажа седници на Централниот и на Извршниот одбор, бидејќи партијата препознала промена во позицијата на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.
-
Македонија 08.06.2023 14:54
Министерот за здравство Меџити даде отчет за сработеното во првите сто дена од преземањето на функцијата
Од човек кому му замери за дежурствата и му забележа за неправилности, до добар другар. Министерот за здравство Фатмир Меџити се пофали оти утринското кафе го испил со кардиохирургот Сашко Јовев без да сподели детали од средбата за која соопшти со доза на задоволство.
-
Македонија 08.06.2023 14:42
Бочварски: Започнавме со реконструкции на улици во Кисела Вода и Гази Баба
Започнува реконструкцијата на улицата „Петар Драпшин“ во населба 11 Октомври, општина Кисела Вода, инвестиција од 13,7 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, преку Проектот за поврзување на локални патишта во општините.
-
Македонија 08.06.2023 14:37
МОН и ОБСЕ доделија грантови за заеднички наставни и воннаставни активности на ученици со различно етничко потекло
Четиринаесет училишта добија грантови за спроведување на заеднички наставни и воннаставни активности на ученици од различно етничко потекло, кои следат настава на различни наставни јазици.
-
Македонија 08.06.2023 14:05
Тренчевска: Потребна е поголема вклученост на институциите за надминување на проблемот со бездомниците
350 бездомници се сместени во некои од прифатните центри, покажуваат последните податоци од пописот. Но, се проценува дека бројот е многу поголем оти многумина не се евидентирани.
-
Македонија 08.06.2023 14:03
СДСМ за утре свика состанок на Централен и Извршен одбор по лидерската средба со Мицкоски
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска потврди дека утре претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски свикал седница на Централниот и Извршниот одбор на партијата.
-
Македонија 08.06.2023 13:57
Судиите Герасимовски и Радевска- Стефкова го напуштија Судскиот совет
На седница на Судскиот совет констатирани оставките на судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимовски од скопска Апелација, кои повеќе не се членови на ова тело.
-
Македонија 08.06.2023 13:56
Со ребаланс на буџетот, општина Штип го спаси ЈП „Исар“ од економски крах
Советот на Општина Штип на вонредна седница изврши ребаланс на буџетот и одвои 18 милиони денари за финансиска стабилизација на ЈП „Исар“, чија сметка е блокирана заради неплатени долгови за електрична енергија.
-
Македонија 08.06.2023 12:57
Во Прилеп за 40 насто помалку првачиња, за полуматурантите нема свидетелства
Повеќе од една третина или за околу 40 насто е намален бројот на запишани првачиња во 10-те прилепски основни училишта. Од списокот на 802 деца кои се на возраст за упис во прво одделение, во официјалниот рок до 1-ви јуни, се запишале 480.










