ВМРО-ДПМНЕ со над пет проценти предност пред СДСМ, покажува телефонската анкетата на Институтот за политички истражувања- Скопје.
-
Македонија 25.10.2021 13:00
-
Македонија 25.10.2021 12:45
Управниот суд ги уважи тужбите на Одлучно за промени и Алијанса за Албанците- Алтернатива
Тужбата на движењето „Одлучно за промени“ за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од едно избирачко место во Шуто Оризари, се уважува, одлучи Управниот суд. Резултатите од тоа избирачко место се поништени и на 31-ви ќе се прегласува.
-
Македонија 25.10.2021 12:34
Инспекторатот го испитува инцидентот во училиштето „Панајот Гиновски“
Истражните органи испитуваат зошто наставникот физички го малтретирал седмоодделенецот. Директорката на основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел која веднаш го пријави случајот во полиција не сака дополнително да коментира.
-
Македонија 25.10.2021 12:20
ВМРО-ДПМНЕ објави нови пораки- тврдат дека се правел список на возила, се измислувале прекршоци
Институциите не смее да се користат за партиски притисоци – опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави нови пораки од вибер групата која во изборната кампања во Прилеп правела, како што велат, црни списоци на автомобили кои треба да се исклучат од сообраќајот, правела листи за гласање, а давала и наредби за
-
Македонија 25.10.2021 11:46
Антикорупциска сѐ уште се соочува со застој во работата
И покрај позитивната оценка во извештајот на Европската комисија, Антикорупциска комисија смета дека треба уште да се работи на справувањето со корупцијата во земјава. Само 30 проценти од нивните препораки биле прифатени од институциите.
-
Македонија 25.10.2021 09:59
Дефицитот на медот ја зголеми цената
Кумановските пчелари и годинава не можат да се пофалат со производство на големи количини мед. Во споредба со лани велат годинава е подобра, но далеку полоша од претходните. Ако некогаш ваделе по 100 килограми мед од кошница, сега приносот изнесува само 10 килограми.
-
Македонија 25.10.2021 09:53
Активни 6.393 ковид-случаи во земјава
Бројот на активни ковид- случаи во земјава изнесува 6.393. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, покажуваат последните податоци на Министерството за здравство.
-
Македонија 25.10.2021 09:32
Поволни услови за есенската сеидба
Добри вести за земјоделците. По обилните врнежи, сувото време е повеќе од добредојдено за овој период од годината кога есенската сеидба е на почеток. Тоа поволно ќе влијае и врз собирањето на преостанатиот род, особено за жетвата на оризот.
-
Македонија 25.10.2021 09:19
Продолжуваат партиските активности од кампањата за вториот круг од локалните избори
Продолжуваат партиските активности од кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржи в недела на 31-ви октомври. Денеска истекува рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со Ковид-19 и во изолација.
-
Македонија 25.10.2021 09:04
Димитров: Идентитетот и јазикот се наша работа
Во Договорот за пријателство со Бугарија, одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна- дециден е вицепремиерот за евоинтеграции Димитров.










