Уставниот суд ги разгледа иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина и посебно за членот 2. Ставовите на уставните судии се поделени.
-
Македонија 22.01.2020 12:36
-
Македонија 22.01.2020 11:04
Пендаровски- Ривлин: Одлична соработка на билатерален и мултилатерален план
Одлична соработка меѓу Северна Македонија и Израел на билатерален и мултилатерален план констатирале на денешната средба во Ерусалим претседателите на двете земји, Стево Пендаровски и Реувен Ривлин. Размениле и информации и мислења за состојбите на Балканот и за блискоисточниот регион.
-
Македонија 22.01.2020 10:42
Владата ја поништи одлуката на Мизрахи за разрешување директори
Владата ја поништи одлуката на техничката министерка за труд и социјални работи Мизрахи за разрешување директори во четири јавни установи. Објаснувањето е дека одлуката била донесена спротивно на Законот за влада и без одобрување на дополнителниот заменик- министер.
-
Македонија 21.01.2020 14:54
Фер и демократски избори за продолжување на евроинтегративниот процес
На земјава ѝ се потребни фер и демократски избори според највисоките европски стандарди, оцени вицепремиерот Османи по средбата со Државната изборна комисија.
-
Македонија 21.01.2020 14:32
На Инфективната клиника хоспитализирани четири лица со компликации од грип
Гипот им направи компликации на четворица заболени, еден од нив е во потешка здравствена состојба. Хоспитализирани се на Инфективната клиника. Во болницата има уште осум други лица кои имаат симптоми на вирусот. Меѓу заболените нема деца.
-
Македонија 21.01.2020 14:27
Застапеност на детските права во Собранието
Пратениците да имаат проактивна улога за детските права, бара „Меѓаши“. Од Првата детска абасада апелираат - народните избраници да покажат поголема самоиницијативност, бидејќи од законските решенија зависи и реализацијата на правата на детето.
-
Македонија 21.01.2020 13:34
Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира Законот за легализација на дивоградбите
Министерот за транспорт и врски тврди дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокираат донесувањето на Законот за легализација на дивоградбите. Преку поднесените илјада амандмани ги ставаат во неможност над стотина илјади граѓани да остварат законска сопственост на домовите.
-
Македонија 21.01.2020 13:31
Пред пратениците Законот за управување со отпад
Во Законодавниот дом пред пратениците предлог- законот за за изменување на Законот за управување со отпад. Подносител на овие измени е партијата ДОМ. Бараат забрана за увоз на отпад како извор на енергија, отпад кој согорува.
-
Македонија 21.01.2020 13:17
ДИК не е надлежна за толкување закони
Државната изборна комисија едногласно го отфрли барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за толкување на членот 46 од Законот за влада и неговите надлежности.
-
Македонија 21.01.2020 13:05
Османи- Деркоски: Важно е да има фер и демократски избори
Фер и демократски избори се важни за продолжување на евроинтегративниот процес, да покажеме зрелост, процесот да биде беспрекорен- од Државната изборна комисија порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.



