Изутрината во експозитурата на НЛБ Банка во населбата Ѓорче Петров се случил вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на банката се безбедни и се во добра состојба, информираат од НЛБ.
-
Македонија 17.01.2020 13:55
-
Македонија 17.01.2020 13:52
Претставници од ромската заедница на дебата ги изнесоа најгорливите проблеми со кои се соочуваат
Закон за лицата без документи, урбанизација на ромските населби и легализација на нивните домови, подобрување на нивната тешка економска ситуација, побара Националниот ромски центар. Оттаму апелираат, младите роми да имаат подеднакви шанси за вработување за да останат во земјава.
-
Македонија 17.01.2020 13:31
Невладини бараат поништување на Законот за лустрација
Блупринт граѓанските организации бараат Собранието да го донесе Законот за поништување на лустрацијата пред неговото распуштање. Сметаат дека многумина од лустрираните треба да бидат обештетени.
-
Македонија 17.01.2020 13:29
Димитров: Консензус за концептот техничка влада
По изборите би требало да се направи обид за политички консензус во однос на концептот техничка влада, вели шефот на дипломатијата во интервју за МИА.
-
Македонија 17.01.2020 12:32
Преговори со Северна Македонија и Албанија во мај
Актуелниот и идниот претседавач со ЕУ, Германија и Хрватска се надеваат дека новата методологија за преговори ќе биде усвоена во март, за да се почнат преговори со Северна Македонија и Албанија на Самитот во Загреб во мај.
-
Македонија 17.01.2020 10:42
Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, Законодавно правната комисија, постојаната анкетна комисија за правата на граѓанинот и комисијата за здравство.
-
Македонија 17.01.2020 10:36
Изгласани измените на Законот за извршување- ќе се однесуваат и на веќе започнатите извршувања
Законодавниот дом во текот на вчерашниот ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда.
-
Македонија 17.01.2020 10:00
Пендаровски: 2020-та има предиспозиции да биде мошне значајна за нас и за регионот
Од преодната влада очекувам изборите да ги организира во фер и демократска атмосфера, а од партиите очекувам одговорно однесување, истакна претседателот Пендаровски на годишниот прием за дипломатскиот кор во земјава.
-
Македонија 17.01.2020 09:55
Две собраниски седници
Собранието денеска ќе ги одржи 126 и 123-та седница, на чиј дневен ред се поголем број измени и дополнувања на закони од повеќе области.
-
Македонија 17.01.2020 09:40
Богојавление- Водици
На 19- ти јануари е Богојавление- Водици, ден кога се осветуваат водите. Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.







