Пред 54 години, Телевизија Скопје од зградата во Нерези го емитуваше првиот телевизиски дневник. Тоа е денот кога преку малубројните ТВ приемници гледачите во земјава имаа можност да ги слушнат и да ги видат најновите информации од земјата и од светот.
-
Македонија 14.12.2018 13:35
-
Македонија 14.12.2018 13:22
„Медиатека“ в сабота премиерно на МТВ
Емисија која ќе ги образува младите како да пливаат во виртуелниот свет и морето од информации.
-
Македонија 14.12.2018 13:17
Димитров: Ќе покажеме дека се можни чуда
Ништо однапред не е добиено, смета париски „Ле Монд“, бидејќи Референдумот од 30-ти септември на кој 91 отсто од излезените гласачи одговорија со „да“ во прилог на компромисот, но поради недостиг на доволно учество на гласачите работите се усложнија, забележува весникот.
-
Македонија 14.12.2018 13:06
Заев очекува поголема поддршка за уставните измени
Очекувам поголема поддршка од 80 пратеници за уставните измени, и нивно изгласување кон средината на јануари, вели премиерот Заев. Нема ништо заткулисно, ниту пак страшно во предлог- амандманите. Македонскиот идентитет и јазикот се загарантирани, истакна шефот на Владата.
-
Македонија 14.12.2018 12:43
Заврши протестот на Клинички, синдикалците ќе преговараат со премиерот Заев
Четиридневниот протест на вработените во Клиничкиот центар заврши. За околу две недели, синдикатот ќе преговара со премиерот Зоран Заев за изедначување на процентот на платите за сите медицински работници.
-
Македонија 14.12.2018 12:06
Одложено рочиштето за смртта на Никола Саздовски
Поради оправдано отсуство на еден од поротниците се одложи денешното рочиште за смртта на Никола Саздовски. Обвинетите не беа спроведени во судницата.
-
Македонија 14.12.2018 12:04
САД ја повторија поддршката за Договорот од Преспа
Вашингтон ја повтори поддршката за спроведување на Преспанскиот договор по најавите дека по ратификацијата во Македонија, грчкиот министер за одбрана Каменос ќе ја напушти Владата за да го спречи неговото усвојување во Грција.
-
Македонија 14.12.2018 11:54
Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Судењето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието продолжува денеска во Кривичниот суд со изнесување дополнителни докази од Обвинителството.
-
Македонија 14.12.2018 11:16
Седници на собраниските комисии за политички систем и за труд
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за труд и социјална политика, како и Законодавно – правната комисија.
-
Македонија 13.12.2018 17:41
Владиката Пимен сведочеше за „27 април“, тврди- Богдан Илиевски не посакувал насилство
Богдан не посакуваше насилен крај на протестот. По настаните од 27-ми април беше разочаран и сакаше да го врати угледот на иницијативата „За заедничка Македонија“, во која веруваше и членуваше без паричен надоместок или ветувања за напредок во кариерата.










