Утре во Македонија се очекува претежно ведро и студено утро. Минималната температура на повисоките места ќе падне на -10 степени.
Во текот на денот ќе преовладува сончево и стабилно време со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.








