Цели две години биле прислушувани обвинителите од Обвинителството и нивните соработници, но и шест дена од објавувањето на скандалот нема ниту разрешница, ниту пак, одговорност и оставки- велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата побараа одговорност од премиерот Заев и министерот Спасовски.
-
Македонија 05.12.2018 15:16
-
Македонија 05.12.2018 15:12
СДСМ: Насилниците мора да одговараат
Се одмотува клопчето за монструозниот план на 27-ми април, нарачан од структури под влијание на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, велат од СДСМ.
-
Македонија 05.12.2018 14:35
Процесот на помирување има поддршка од европратениците
Процесот на помирување доби поддршка од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Мекалистер и европратеникот Флекенштајн.
-
Македонија 05.12.2018 14:22
Нема ништо спорно во притворот за поранешниот прв човек на УБК
Нема ништо спорно во одредувањето притвор за поранешниот прв човек на УБК, Атанасовски, смета Коалицијата за правично судење. Оттаму објаснуваат дека Обвинителството дошло до информации и проценило дека мерката е потребна.
-
Македонија 05.12.2018 13:35
Метео: Сончево, стабилно и суво време
Утре во Македонија се очекува сончево, стабилно и суво време со мала облачност.
Утринската температура ќе биде речиси насекаде под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 11 степени.
-
Македонија 05.12.2018 13:00
Притвор за поранешниот директор на УБК
Триесетдневен притвор му одреди судија на претходна постапка на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. Обвинителството го товари за кривично дело „здружување поради непријателска дејност“, за собраниските настани.
-
Македонија 05.12.2018 12:55
Столтенберг го поздрави напредокот на Македонија, повика на имплементација на спогодбата од Преспа
На вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите- членки на НАТО, брифинг за Западниот Балкан. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави напредокот на Македонија, изразувајќи надеж дека ќе станеме 30 земја- членка во Алијансата.
-
Македонија 05.12.2018 12:40
Средношколци – идни новинари во посета на МРТ
Идните новинари во Mакедонија, традиционално повторно на гости во јавниот сервис. Средношколци од повеќе училишта имаа можност да се запознаат со начинот на работата на Македонската Радио- телевизија и целиот процес на подготовка на вестите.
-
Македонија 05.12.2018 12:33
Заев на средба со европратениците Мекалистер и Флекенштајн
Силна поддршка од Европскиот парламент за Договорот од Преспа. Оценет е како пример пред сѐ за регионот на Западен Балкан, но и пошироко за цела Европа. Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн.
-
Македонија 05.12.2018 12:05
Попладне посебен режим на сообраќај низ центарот на Скопје
Попладенво ќе има посебен режим на сообраќајот низ централното подрачје во Скопје поради одржување на протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ.









