900 хектари во 10 блокови државно земјоделско земјиште од некогашниот комбинат Џумајлија во околината Свети Николските села се нудат под закуп.
Времетраењето за користење на земјиштето е различно.
900 хектари во 10 блокови државно земјоделско земјиште од некогашниот комбинат Џумајлија во околината Свети Николските села се нудат под закуп.
Времетраењето за користење на земјиштето е различно.
Дванаесет лица се под обвинение за несовесно работење во службата. Станува збор за случајот со лекувањето на Тамара Димовска, соопшти Јавното обвинителство.
Променливото облачно време во Македонија продолжува и во текот на утрешниот ден. Попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд со услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и појава на грмежи.
Џезаир Шаќири е привремено ангажиран на една година, како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот за потребите на канцеларијата на премиерот Заев- се вели во информацијата до јавноста од Владиниот кабинет.
За лицата со оштетен вид подготвено е специјално издание на македонскиот Устав изработен со Брајова азбука. За директорот на Средното училиште за децата со оштетебн вид, ова е важен момент и одличен пример, што треба да го следат и другите институции, пред сѐ поради еднаквата пристапност.
Народната банка не смее да остане без гувернер. Тоа би предизвикало негативни импликации врз економијата на земјата, се согласиле претседателот Иванов и премиерот Заев.
Повеќе од два часа за еден амандман во Комисијата за транспорт и врски. Дали во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, членовите на Советот да земаат максимално до четири просечни плати за нивната работа, или како што предлага ВМРО-ДПМНЕ од две.
На денешното рочиште за случајот „Поткуп“, исказ даде премиерот Зоран Заев кој тврдеше дека бизнисменот Иван Николов сакал да го намести со цел да спречи јавноста да ја слушне „Вистината за Македонија“.
90 милиони денари од државната каса за програми за превенција и третман на ХИВ и Туберкулоза. Министерот Филипче очекува со долгорочна и континуирана имплементација на нацрт- стратегијата да се одржи ниската стапка на двете епидемии.
Во Вилата Водно, претседателот Иванов на средба со премиерот Заев на негова иницијатива, за предлогот на шефот на државата за гувернер на Народна банка.