Сончевото и релативно топло време во поголем дел од Македонија ќе продолжи и утре со услови за појава на магла по одделни котлини.
Во западните делови ќе настапи зголемување на облачноста, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Сончевото и релативно топло време во поголем дел од Македонија ќе продолжи и утре со услови за појава на магла по одделни котлини.
Во западните делови ќе настапи зголемување на облачноста, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.
5,5 милиони евра пенали, доколку не се изгради Клиничкиот центар на првично предвидената локација, бидејќи договорот е потпишан. На новата можна локација кај Визбегово изградбата би чинела меѓу 450 и 500 милиони евра.
Има ли Македонија потенцијал да спроведе референдум, ако ДИК е во оставка? Работиме на конечно решение на проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија, рече владиниот портпарол Бошњаковски одговарајќи на новинарски прашања.
По Атина, посредникот на ОН во разговорите за разликата за името, Метју Нимиц пристигна во Скопје. В четврток се средбите со државниот врв. Првата е со претседателот Иванов, па потоа со премиерот Заев, шефот на дипломатијата Димитров, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети.
Високо ниво на загаденост и денеска, и натаму мерките за ублажување на аерозагадувањето се во сила. Мерните станици покажуваат високо ниво на загаденост на повеќе локации во Скопје.
Владата на вчерашната седница ѝ препорача на Регулаторната комисија да го запре поскапувањето на водата за корисниците од системот Студенчица.
Разрешен е директорот на Агенцијата за туризам, Александар Донев поради високите трошоци за авионските билети за Аргентина, каде што Донев ги претставувал македонските туристички можности. Тој потрошил околу четири илјади евра за билетите за бизнис класа.
НАТО ќе испрати покана на Македонија за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот за името во рамки на ОН, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг за денешното издание на белградскиот весник „Политика“.
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања. Седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот.
Медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц денеска доаѓа во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв. Нимиц, вчера, по средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, изјави дека постои моментум и дека е време за носење одлуки.