На 29-ти октомври ќе се гласа за избор на градоначалник во останатите 35 општини кои не добија градоначалници во првиот круг од локалните избори.
-
Македонија 17.10.2017 11:08
-
Македонија 17.10.2017 10:46
Приведени уште пет лица за нападот на Села во Собранието
Јавното обвинителство извести дека за постапката што се води во Основното јавно обвинителство во Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27-ми април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донел наредба за проширување на истрагата за уште пет лица за сторено крив
-
Македонија 17.10.2017 10:41
Ден на Здружената оперативна команда
Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, Здружената оперативна команда свечено ќе го одбележи денот на единицата.
-
Македонија 17.10.2017 10:37
Регионален форум за прекугранична соработка
Споделување на добрите пракси и искуства на надлежните институции и тела од земјите во регионот, е целта на дводневниот Регионален форум за прекугранична соработка, што со поддршка на Европската унија почнува денеска во Струга.
-
Македонија 17.10.2017 10:33
Почнува акција за донирање на храна „Нахрани 1.000“
На пет локации во Скопје почнува акција за донирање на храна „Нахрани 1.000“ по повод 17-ти октомври, Светскиот ден за борба против сиромаштијата.
На поставените штандови ќе може да се донира храна што ќе биде наменета за бездомниците и за сите загрозените семејства.
-
Македонија 17.10.2017 10:30
Раната бременост и детските бракови последица на сиромаштијата
Се омажила на 16, а веќе на 17 години станала мајка. 23- годишната Едије Сулејманоска од прилепското маало „Три Багреми“ има четири деца, живее во неформален брак и во голема сиромаштија. Вели, не ги послушала родителите.
-
Македонија 17.10.2017 09:30
Средба на премиерот Заев со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Звиздиќ
Претседателот на владата Зоран Заев денеска ќе го прими претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, кој учествува на Самитот 100 во Скопје.
-
Македонија 17.10.2017 08:12
Тече рокот за приговори за изборите
До 19, односно до 24 часот денеска трае рокот за поднесување приговори и тужби во однос на локалните избори што се одржаа во неделата. Откако ќе се постапи по приговорите ќе бидат познати и конечните резултати за првиот круг гласање.
-
Македонија 17.10.2017 08:06
Премиерски панел на „Самит 100“
Четворица премиери од регионот денеска ќе бидат учесници на панел дискусија на тема „Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар?“ на „Самит 100“ што од вчера се одржува во Скопје.
-
Македонија 16.10.2017 16:46
СДСМ прогласи победа, за ВМРО-ДПМНЕ изборите со низа нерегуларности
Изборите беа исклучително фер, демократски и регуларни. Победија сите, со слободно изразената волја и се даде поддршка на едно општество за сите, и за раст и развој, оцени лидерот на СДСМ Заев по објавувањето на првичните резултати од гласањето.








