Македонскиот премиер Зоран Заев го осуди терористичкиот напад во Барселона. Изрази сочувство до семејствата на жртвите, на повредените им посака брзо да закрепнување.
-
Македонија 18.08.2017 11:29
-
Македонија 18.08.2017 10:43
Валандовчани в недела одлучуваат за „Казандол“
Граѓаните на Валандово в недела ќе се изјаснат на референдум дали се за изградба на рудникот „Казандол“, како и за можното отворање на нови рудници на нивната територија.
-
Македонија 18.08.2017 08:29
Повреден македонски граѓанин во нападот во Барселона
Македонски граѓанин, кој во моментот на нападот во Барселона бил во непосредна близина, се здобил со скршеница на зглобот на ногата. Тој не е во животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби, соопшти изутринава македонското Министерство за надворешни работи.
-
Македонија 18.08.2017 08:26
АРМ одбележува 25 години од формирањето
Армијата на Република Македонија денеска одбележува 25 години од формирањето. Централната свеченост е најавена за вечер во 19 часот на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, во присуство на претставници од државни институции, локални самоуправи, амбасади, граѓански здруженија и други.
-
Македонија 17.08.2017 16:18
Шеќеринска: Да покажеме единство за доброто на државата
„Македонија е сѐ што имаме“. Македонија на 18-ти август одбележува 25 години од формирањето на Армијата.
-
Македонија 17.08.2017 16:13
Разрешен јавниот обвинител Зврлевски
Со 64 гласови на парламентарното мнозинство и движењето Беса, без против и воздржан, во Парламентот разрешен државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето, поради како што реакоа, незаконското разрешување на обвинителот.
-
Македонија 17.08.2017 16:08
Продолжува дебатата за стратегијата за бегалци и странци
Уште тројца градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кажаа „НЕ“ за владината стратегија за бегалци и странци. Велат, од транзитна земја, Македонија ќе се претвори во бегалски камп.
-
Македонија 17.08.2017 16:05
Судскиот совет им го одзеде имунитетот на пет судии од Управниот суд
Судскиот совет донесе одлука за одземање на имунитетот на судии. Седницата беше затворена за јавноста. Извесно е оти се работи за пет судии на Управниот суд, обвинети во предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 17.08.2017 14:50
Поголема јавност при носењето на законите
Владата го зголемува рокот за консултации на Единствениот национален електронски регистар на прописи. Наместо 10, ќе трае 20 дена. Ова, како што вели министерот Дамјан Манчевски ќе придонесе за повисок квалитет на законските решенија преку поголемо учество на јавноста со своите предлози.
-
Македонија 17.08.2017 14:18
Почнаа уписите на УКИМ, слободни речиси 11.000 места
Факултетите ги отворија вратите за средношколците. Епитетот прворангиран го наполни кампусот на УКИМ. Идните студенти ги поднесоа документите, се решија за својата идна професија. Дел сакаат да изучуваат психологија, други социологија, некои, пак, сметаат дека со економски ќе имаат добра иднина.










