„Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата“- на една седмица пред отварањето, фестивалот остана без претседател на Управниот одбор откако новоназначениот, Дарко Лешоски, си даде оставка.
-
Македонија 16.08.2017 16:15
-
Македонија 16.08.2017 15:50
Продолжува маратонската седница за разрешување на Зврлевски
Антикорупциската комисија испрати мислење до претседателот на Собранието, Талат Џафери и до групата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои бараа да реши дали по распишувањето на локалните избори треба да продолжи почнатата постапка во Законодавниот дом за разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски.
-
Македонија 16.08.2017 14:50
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО нема легитимитет да отвора нови постапки
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Специјалното јавно обвинителство нема легитимитет да отвора нови постапки.
-
Македонија 16.08.2017 14:43
Крвав инцидент во Велес: Го убил соседот, па објавил на „Фејсбук“
Го ликвидирал соседот, ги повредил другите членови на неговото семејство, отишол дома и објавил на социјалните мрежи- „Ги убив своите монструми“. Вакво сценарио како на хорор филм се случувало во Велес. 46- годишен жител на градот е осомничен за убиство.
-
Македонија 16.08.2017 14:34
Заев бара термин од Џафери за неделни пратенички прашања
Премиерот Заев му пиша писмо на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Побара да одреди термин за одржување на неделните, тематски пратенички прашања во траење од еден час, како дел од реформскиот план 3-6-9.
-
Македонија 16.08.2017 14:23
Новото раководство на ССМ со серија кривични пријави против Митревски
Новото раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), против поранешниот претседател, Живко Митревски најавува серија на кривични пријави. Дел од нив се за фалсификување на документи, а дел за злоупотреба на службена положба.
-
Македонија 16.08.2017 14:19
Скопски бизнисмен приведен по барање на СЈО
Скопски бизнисмен е приведен по барање на Специјалното јавно обвинителство. Во текот на ноќта е задржан во полициска станица.
Засега, ниту Специјалното обвинителство, ниту полицијата не откриваат повеќе детали за случајот. Се работи за предистражна постапка.
-
Македонија 16.08.2017 12:43
Уписи на УКИМ во четврток и во петок
Утре и в петок пријавување за упис во прва година на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Според објавениот конкурс, за запишување студенти на прв циклус студии се слободни вкупно 10.818 места.
-
Македонија 16.08.2017 12:24
Велешанец со чекан го убил соседот, повредил четири лица
Крвав инцидент во Велес. 46- годишник со чекан ја скршил влезната врата на семејната куќа на соседот и го убил. Повредил уште четворица.
-
Македонија 16.08.2017 11:54
УХМР: Значителен пад на температурата од понеделник
Локална појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи, се очекуваат денеска и утре во попладневните часови, најавува УХМР.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време кога ќе биде и најтопло, до 38 степени на југоистокот од земјава.










