Жестока дебата на седницата на ДИК за изборот на градската комисија за претстојните локални избори. Членовите од ВМРО-ДПМНЕ побараа целосен список на администрацијата од кој треба да се направи случаен избор за 10 членови.
-
Македонија 21.08.2017 16:56
-
Македонија 21.08.2017 16:50
Отворена осмата Школа за млади лидери
Вие сте генерација која сака да го промени светот. Оваа школа ќе ви помогне да станете уште поуспешни- со овие зборови, преседателот Иванов им посака добредојде на 40-те учесници на осмата школа за млади лидери. Им порача- за водење и раководење се потребни вештини.
-
Македонија 21.08.2017 16:25
Повредените во сообраќајката кај Велес се во стабилна состојба
Жртва од сообраќајната несреќа со автобусот е 68- годишна жена. Повредени се 27 патници, надвор се од животна опасност- информираат од Министерство за здравство. Пациентите се на возраст од 9 до 70 години. Меѓу нив има две деца.
-
Македонија 21.08.2017 15:58
Почнува да се решава проблемот со депониите
Владата информираше дека почнува да се решава проблемот со депониите. За Тетово е избрана компанијата „Голец транс“ да го дислоцира сметот. Отпадот од Струга ќе се транспортира во депонија што ќе ја договори општинското комунално претпријатие, а дивата ќе се затрупува.
-
Македонија 21.08.2017 15:55
Голема Богородица, 28 август, неработен за граѓаните од православна вероисповед
Понеделник 28 август 2017 година, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 21.08.2017 15:52
Белград за повлекувањето од Скопје: Офанзивно разузнавачко дејствување со учество на странски фактор
Во Македонија постои засилено офанзивно разузнавачко дејствување против српски инстиуции во кои бил присутен и странски фактор. До вакви информации стигнал официјален Белград поради што ги повлекол дипломатите од земјава и целосно ја испразнил амбасадата на Водно.
-
Македонија 21.08.2017 14:24
ДИК ќе врши избор на членови на Изборната комисија на Скопје
Државната изборна комисија на седница врши избор на членови на изборната комисија на Градот Скопје и ги разгледува барања за неприфаќање на должноста членови на општинска изборна комисија.
-
Македонија 21.08.2017 14:02
Вучиќ: Офанзивно дејствување против Србија, причина за повлекување на персоналот од амбасадата во Македонија
Српските надлежни органи утврдиле и докажале дека против Србија е извршено офанзивно дејствување, и поради тоа е повлечен персоналот од Српската амбасада во Македонија, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
-
Македонија 21.08.2017 13:23
ВМРО-ДПМНЕ: Владата троши милионски суми на советници
Неспособноста на СДС да управува со државата не може да ја покријат ниту 13 советници на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Државата ќе ги плаќа 9 милиони денари годишно неквалитетните советници, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 21.08.2017 13:18
40 учесници и 22 предавачи на Школата за млади лидери во Охрид
Вкупно 40 учесници и 22 предавачи од Македонија, Европската унија, САД и Кина, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, годинава по осми пат ќе се одржува во Охрид до 31-ви август.









