Едно лице, кое беше потешко повредено во синоќешната сообраќајна несреќа на автопатот Велес- Скопје, почина на КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во болниците во Скопје и во Велес биле примени 27 повредени патници.
-
Македонија 21.08.2017 08:12
-
Македонија 20.08.2017 22:22
Најмалку 27 повредени во сообраќајна несреќа кај Велес
Најмалку 27 лица се повредени, од кои двајца потешко вечерва откако автобус со патници излета од коловозт на автопатот Велес-Скопје. Повеќе екипи на Брза помош ги извлекуваа повредените и ги пренесуваа во најблиските болници.
-
Македонија 18.08.2017 16:32
Џафери до Заев: Предлогот за пратенички прашања по локалните избори
Претседателот на Собранието, Талат Џафери одговори на писмото на премиерот Заев. Вели дека по завршувањето на локалните избори ќе се реализира идејата за поставување пратенички прашања на почетокот на новосвиканата седница, во времетраење од еден час.
-
Македонија 18.08.2017 16:15
25 години АРМ: Симбол за храброст, гарант на безбедноста
Четврт век Македонска Армија. Горди, полни со елан, подготвени секогаш да одговорат на повикот. Гардистите со показна вежба, специјалците помагаат во справување со проблем. На воениот стадион во Парк, промоција на опремата со која располага АРМ. Голем интерес кај посетителите.
-
Македонија 18.08.2017 15:43
Постапката за избор на наследникот на Зврлевски почнува на 22-ри август
Лилјана Спасовска ќе биде вршител на функцијата јавен обвинител. Како што соопштија од институцијата, според годишниот распоред, таа е ставена за заменик во случај на спреченост или отсуство на републичкиот јавен обвинител. Ова на седница треба да го потврди и Советот на јавни обвинители.
-
Македонија 18.08.2017 15:14
Нема да се враќаат сините картони
Сините картони нема да се користат, ќе се бара одговорност за печатењето на новите- Министерството за здравство со одлука да продолжат да се користат електронските картички, дури и со истечен рок.
-
Македонија 18.08.2017 14:24
МОН: Учебната година почнува на 4-ти септември
Министерството за образование и наука соопшти– новата учебна година во сите јавни основни и средни училишта почнува во понеделник, на четврти септември.
Причина е што 1-ви се паѓа во петок. Календарите ќе бидат објавени во Службен весник.
-
Македонија 18.08.2017 14:17
Градоначалникот на Кавадарци осуден на два месеца затвор
Градоначалникот Александар Панов, со пресуда на Основниот суд во Кавадарци, е осуден на два месеца затвор за кривично дело „поткуп при избори и гласање“.
-
Македонија 18.08.2017 13:39
Градинките ќе работат во две смени од 1-ви септември
Од 1-ви септември градинките треба да почнат со двосменско работење. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, соопшти дека целта на ваквата одлука е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавните установи.
-
Македонија 18.08.2017 12:04
Писмо со сочувство од претседателот Иванов до кралот Фелипе за терористичкиот акт во Барселона
Претседателот Иванов испрари писмо со сочувство до шпанскиот крал Фелипе. „Вознемиреноста од оваа жална вест е уште поголема поради тоа што и граѓанин на Република Македонија е меѓу тешко повредените лица од крвнички акт“- пишува Иванов.








