Утрово загина жена во скопско Дебар Маало. На улицата „Антоние Грубишиќ“, кај училиштето „Коле Неделковси“, жртвата била прегазена од теренско моторно возило, управувано од 45 годишен жител на Илинден.
-
Македонија 17.08.2017 13:40
-
Македонија 17.08.2017 13:03
Отворена музејска изложба „25 години Армија на Република Македонија“
Мораме да покажеме единственост за доборото на нашата држава. Да се обединиме околу целта- македонското знаме да се вее во НАТО и во ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на денешната изложба на фотографии, опрема и оружје во Воениот музеј на Македонската армија.
-
Македонија 17.08.2017 12:46
СДСМ: ВМРО- ДПМНЕ неконтролирано ги задолжуваше граѓаните
ВМРО- ДПМНЕ 11 години неконтролирано ги задолжуваше граѓаните преку остварување криминални интереси и затоа сега не може да се помири дека владата на СДСМ работи домаќински, отчетно и за граѓаните, пишува во реакцијата на СДСМ.
-
Македонија 17.08.2017 12:45
ВМРО- ДПМНЕ: Каде отидоа парите од девизните резерви?
Каде отидоа парите од девизните резерви, прашуваат во ВМРО- ДПМНЕ. Министерот за задолжување Тевдовски за 70 дена власт успеа да стопи 126 милиони евра.
-
Македонија 17.08.2017 12:39
Во тек уписот на Универзитетот за информатички науки „Св. Апостол Павле“ Охрид
Уписите за студентите денеска почнаа и на Универзитетот за информатички науки „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Има слободни места на 5-те факултети распоредени на 10 различни студиски програми.
-
Македонија 17.08.2017 11:01
Почнуваат уписите на УКИМ
Денеска и утре пријавување за упис во прва година на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Според објавениот конкурс, за запишување студенти на прв циклус студии се слободни вкупно 10.818 места.
-
Македонија 17.08.2017 10:35
Посебен сообраќаен режим за натпреварот Вардар - Фрнербахче
Посебен сообраќаен режим најавува СВР за вечерашниот натпревар Вардар - Фрнербахче што ќе се одигра на националната арена „Филип Втори Македонски” од 20 часот.
-
Македонија 17.08.2017 09:05
УХМР: Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8.
-
Македонија 17.08.2017 08:38
Собранието треба да гласа за разрешување на Зврлевски
Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи продолженија на три седници, меѓу кои и на шестата седница на која се очекува да се гласа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, откако вчера заврши расправата по оваа точка.
-
Македонија 16.08.2017 16:22
Обвинувања за финансиски злоупотреби во ССМ
Животно осигурување, кирија за стан, трошоци за комуналии, чистачка, сметки, два шофера и две службени возила, професионално и стручно усовршување на сметка на работниците, се привилегии кои незаконски си ги доделил поранешниот претседател на ССМ, Живко Митревски, обвини новото раководство на Сој










