„Благодариме, Скопје. Фантастичен домаќин на Супер купот во 2017 година“, твитна УЕФА после натпреварот на „кралевите“ и „црвените ѓаволи“ на националната арена во Скопје.
-
Македонија 09.08.2017 15:43
-
Македонија 09.08.2017 15:09
Активни повеќе пожари низ Македонија
Гром предизвикал поголем пожар во прилепско кај манастирот Свети Илија. Гори неуредена шума- информираат од Центарот за управување кризи. Кај тетовско Копанце гори деградирана шума. Кај селото Заград , Македонски Брод локализираниот пожар повторно го разгорел силен ветер.
-
Македонија 09.08.2017 15:02
ВМРО-ДПМНЕ: Интерпелација за министерот Димитров
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за интерпелација, овојпат, за министерот за надворешни работи Никола Димитров. Меѓу причините се наведени штетниот договор со Бугарија, како и неназначувањето на Александар Николоски за амбасадор во Брисел.
-
Македонија 09.08.2017 14:58
Разрешувањето на Зврлевски на пленарна седница
Не може да се разрешуваат и назначуваат функционери во период кога се распишани избори. Повикувајќи се на изборниот законик и на регулативата за спречување на корупцијата, опозицијата побара Собранието да не дискутира за смена на државниот обвинител Марко Зврлевски.
-
Македонија 09.08.2017 14:18
Без инциденти за време на Супер купот
Безбедноста на граѓаните и учесниците на суперкупот не била загрозена. Немало сериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Оценка на оперативниот штаб на МВР. Приведени 14-мина, осум македонски и шест странски државјани.
-
Македонија 09.08.2017 14:11
Могерини: ЕУ јасно покажува целосна и континуирана посветеност кон Македонија и регионот
„Европската унија јасно ја покажува целосната и континуирана посветеност кон Македонија и регионот“- стои во писмото од шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини до европарламентарецот и заменик- претседател на Европскиот парламент, Димитрис Пападимулис, кој поднесе писмено прашање во
-
Македонија 09.08.2017 12:44
На владина седница информацијата за пожарите и топлотниот бран
Попладнево, на владината седница се разгледуваат информациите од Центарот за управување со кризи и Комисијата за превенирање на топлотни бранови.
-
Македонија 09.08.2017 12:24
Данев: Правосудните органи и судовите под жесток притисок да носат политички нарачни одлуки
Правосудните органи и судовите се под жесток притисок да носат политички нарачни одлуки- реагира ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, Апелација направила преседан во однос на употребата на прислушуваните материјали во постапката.
-
Македонија 09.08.2017 12:19
Повторно прекината собраниската расправа за разрешување на Зврлевски
Разрешувањето на републичкиот обвинител Марко Зврлевски во период на распишани избори е спротивно за Изборниот Законик вели опозицијата. Претседателот на собранието Џафери пак се повика на членот 16 од Законот за спречување на корупцијата и рече дека нема дилема– дискусијата може да продолжи.
-
Македонија 09.08.2017 11:53
Шеќеринска за „Блумберг“: Интеграцијата на Mакедонија во НАТО ќе го намали руското влијание
Интеграцијата на Mакедонија во НАТО ќе го намали руското влијание во земјава – вели министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, во интервју за агенцијата „Блумберг“.










