Миграцијата, глобалната стратегија за безбедност и одбрана, како и состојбата во Западен Балкан се трите теми на кои ќе дискутираат шефовите на државите и влади на државите- членки на ЕУ на дводневниот Самит кои се одржува во Брисел.
-
Македонија 09.03.2017 16:55
-
Македонија 09.03.2017 15:51
Здравствениот дом во Ботола ќе го носи името „д-р Хаим Абраванел“
Се зацврстуваат спомените за етничката заедница која пред 74 години преку ноќ исчезна од Битола. Здравствениот дом изграден на дел од некогашното еврејско мало ќе го носи името „Д-р Хаим Абраванел“, по некогашниот сограѓанин лекар Евреин.
-
Македонија 09.03.2017 15:14
Прекумерната тежина влијае на појава на бубрежни заболувања
Луѓето со прекумерна телесна тежина имаат седумпати поголем ризик да развијат хронична бубрежна болест - велат лекарите. Нивното оштетување доведува до дијализа, а компликациите во лекувањето се поголеми.
-
Македонија 09.03.2017 15:06
Хелбах: Повик за брзо формирање влада
Германија бара брзо формирање на владата- изјави пред Германската амбасада во Скопје, специјалниот пратеник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, Кристијан Хелбах.
Да се реализираат ургентните приоритети за приклучување кон ЕУ и НАТО, изјави Хелбах.
-
Македонија 09.03.2017 15:01
Иванов до Заниер: Платформата од Тирана треба да биде осудена и отфрлена
Платформата од Тирана треба да биде осудена и отфрлена, бидејќи станува збор за мешање во внатрешните работи на Република Македонија.
-
Македонија 09.03.2017 14:49
Совет на јавни обвинители: Јанева и Фетаи го навредиле судот
Специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс и го навредиле судот, оценил Советот на јавните обвинители на вчерашната седница.
-
Македонија 09.03.2017 14:40
Корупцијата во политичкиот врв најзагрижувачка
Антикорупционерите тешко доаѓаат до податоци за нивото на корупција во јавниот сектор. Првиот човек на институцијата, Игор Тантуровски, се пожали дека институцијата со која предводи има потешкотии да дојде до веродостојни податоци.
-
Македонија 09.03.2017 14:35
Нови 90 професионални војници во АРМ
Новите 90 професионални војници на служба во Армијата се веќе месец и пол. Пред да ги потпишат договорите за работа на три години, поминаа неколкумесечни психофизички тестови и строга селекција на полигонот Криволак.
-
Македонија 09.03.2017 14:00
Тешко повреден работник, паднал од скеле
Т.А (58), вработен во фирма за монтирање челична конструкција, поставувајќи скеле, паднал од два метра висина и здобил тешки телесни повреди, соопшти полицијата.
Настанот се случил вчера, во 9:44 часот, во скопската населба Пинтија.
-
Македонија 09.03.2017 13:40
Кривична пријава против едно лице за нападот на новинарите на „А1- он“
Средба на раководството на ЗНМ и министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. На средбата министерот Нухиу ги информирал претставниците на ЗНМ за преземените активности на МВР во врска со настаните во кои беа нападнати и телесно повредени новинари на порталот „А1-он“.










