Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, од Црна Гора ја почна турнејата на Западен Балкан. Утре ќе пристигне во Македонија.
-
Македонија 01.03.2017 10:40
-
Македонија 01.03.2017 08:40
Ден на Полкот за специјални операции на АРМ
Со свеченост во касарната „Илинден“ денеска ќе биде одбележан денот на Полкот за специјални операции (пСО) - 1 Март.
Единиците од состав на пСО ќе имаат дефиле, ќе бидат доделени стимулативни мерки, а за достигнувањата на единицата ќе говорат раководните кадри од армијата.
-
Македонија 01.03.2017 08:38
Сообраќајот по суви коловози и без забрани
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
-
Македонија 28.02.2017 15:57
Над 20 илјади пензионери се пријавиле за бесплатна бања и викенд
Пензионерите се најзаинтересирани за на бања. Годинава околу 14 илјади поднеле барање за бањско- климатска рекреација. Над 2.000 сакаат да искористат бесплатен туристички викенд и околу 3.000 аплицирале за една од двете услуги.
-
Македонија 28.02.2017 15:50
Железничкиот сообраќај и натаму во прекин, се најавува радикализација на протестот
Радикализација на протестот ако не се исплати јануарската плата- најавуваат вработените во Железница. И патничкиот и товарниот сообраќај се сѐ уште во прекин. Од Синдикатот како следен чекор го посочуваат штрајкот со глад, велат оти не гледаат друг излез од оваа ситуацијата.
-
Македонија 28.02.2017 15:41
СЈО отвори нова предистражна постапка „Труст“
Со фалсификувани документи за сопственост и спецификација на градежни машини, менаџерите на Трансмет, Силекс и Вато незаконски добиле тендер за ископ на јаглен и јаловина во битолски Суводол, објави Специјалното обвинителство.
-
Македонија 28.02.2017 15:30
Нов пристап за ресоцијализација на осудени лица
Лицата што издржуваат затворска казна во тетовскиот и штипскиот затвор покажуваат максимален интетрес за проектот „Стручно образование и обука“- нов пристап за ефективна социјална фклученост. Сите курсеви започнатати минатата година се во завршна фаза.
-
Македонија 28.02.2017 14:50
Метео: Утре дожд, од четврток стабилно и суво
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди особено во источните региони, попладне ќе настапи зголемена облачност со врнежи од дожд и снег на повисоките планини.
-
Македонија 28.02.2017 14:32
Ибрахими: Голем интерес на пензионерите за бесплатна бања и викенд
Продолжува реализацијата на двата проекта за бањско климатска рекреација и бесплатен туристички викенд за пензионерите. Повикот за апликација за користење на услугите заврши на 20-ти февруари. За двата проекта пријавени се над 20 илјади корисници на пензија.
-
Македонија 28.02.2017 14:09
Пациентите со ретки болести бараат нови лекови на позитивната листа
Пациенти со ретки болести велат дека се дискриминирани на пазарот на трудот. Еден од нив е Јосиф, магистер по фармација, но сѐ уште невработен. Тој има ретки нарушувања на кожата. Се определил за оваа струка со надеж дека ќе придонесе во пронаоѓање на лекот.










