4.000 до 4.500 семејства од поплавените подрачја ќе добијат од 230 до 250 евра од Црвениот крст. Според хуманитарната организација исплатата треба да почне од понеделник. Со најавената помош која треба да биде исплатена деновиве на сметката на Црвениот крст ќе легнат над милион евра.
-
Македонија 31.08.2016 16:28
-
Македонија 31.08.2016 15:59
Ад хок телото и денеска не постигна договор за петтиот член
Час пред лидерската средба, излегоа на виделина несогласувањата меѓу членовите на ад хок телото за избор на нивниот петти колега. Со поостар речник од претходните денови, двајца членови од комисијата предложени од партиите.
-
Македонија 31.08.2016 15:42
Нарко- дилери паднаа во рацете на полицијата
Се заортачиле и си направиле мрежа за продажба на дрога. Двајца скопјани заедно со партнерот од Свети Николе тргувале со кокаин, марихуана и со екстази. Ангажирале локални дилери за во нивно име да го туркаат бизнисот, а најголемиот дел од заработените пари си ги ставале в џеб.
-
Македонија 31.08.2016 15:07
Метео: Утре дестабилизирање на временската состојба
Утре во Македонија ќе настапи преодно дестабилизирање на временската состојба.
Во поголем дел од земјата се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи, а локално е можна и појава на невреме со силен ветер и град.
-
Македонија 31.08.2016 14:59
Во петок истекува рокот за пријавување на штети од поплавите
Дел од жителите од поплавените места во Скопско и натаму ќе останат згрижени во ученичкиот дом „Партенија Зографски“. Просторот ќе го делат со учениците за кои почнува новата учебна година. Од установата бараат да се реши проблемот.
-
Македонија 31.08.2016 14:39
Штрајкот на судската администрација останува во мирување
Штрајкот на Синдикатот на судската администрација останува во мирување и по завршувањето на судската ферија. Ќе се чека расплетот од лидерската средба и политичките одлуки за да се донесе конечна одлука дали ќе се штрајкува.
-
Македонија 31.08.2016 14:36
-
Македонија 31.08.2016 14:33
Нема консензус за петтиот член на комисијата за медиуми
Членовите на ад хок телото за следење на медиумите и денеска не го избраа нивниот 5-ти колега со кого ќе ги мониторираат медиумите во предизборниот период.
-
Македонија 31.08.2016 13:24
Нови вработувања за лицата со статус деца без родители и родителска грижа
Објавен е јавен повик за вработување на 30 деца без родители и родителска грижа- информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој го посети домот „11 октомври“.
-
Македонија 31.08.2016 13:09
Собраните средства од Црвен крст ќе се делат од наредната недела
Заклучно со понеделник на сметката на Црвениот крст ќе има над милион евра, сума која ќе биде донирана на семејствата од поплавените подрачја, информираа од Црвен крст. Според нив, неофицијлано 4.000- 4.500 семејства ќе добијат по околу 200 евра парична помош.










