Премиерот Емил Димитриев упати честитка до началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и до припадниците на Армијата по повод 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија.
-
Македонија 18.08.2016 12:18
-
Македонија 18.08.2016 11:02
Почнаа уписите на УКИМ, слободни 10.535 места
Почнаа уписи на студентите во првата година од академската 2016-2017-та на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
-
Македонија 18.08.2016 10:59
Досега собрани 650 илјади евра помош за поплавените подрачја
Досега на сметката на фондот за солидарност и преку телефонскиот број 143-400 се собрани 650 илјади евра за поплавените подрачја- соопштуваат од македонскиот црвен Крст.
-
Македонија 18.08.2016 10:57
АРМ одбележува 24 години од формирањето
Исправена пред задачите за одбрана на националниот суверенитет и интегритет, но и за помош за загрозените во поплавените подрачја, Армијата на Република Македонија одбележува 24 години од формирањето во независна Македонија.
-
Македонија 18.08.2016 09:35
Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија
Под мотото „Вашата крв спасува живот-Придружете ни се!“, денеска од 10 до 14 часот во Археолошкиот музеј на Македонија ќе се одржи крводарителска акција.
-
Македонија 17.08.2016 16:50
Помош од Бугарија за настраданите во поплавите
Вода и хигиенски средства во вредност од 40 илјади евра донираше денеска Република Бугарија за поплавените подрачја. Во хуманитарната помош испратено е 6.200 детски кашички и 5.000 памперси.
-
Македонија 17.08.2016 16:44
Заразите демнат, лекарите будни
Бројот на луѓето што бараат помош од медицинските екипи се намалува, информираат од амбулантниот пункт во Стајковци. Најчесто доаѓаат за контрола на крвниот притисок. Повеќето се пациентите кои повредиле при расчистување на шутот. Внимателно се следи епидемиолошката состојба.
-
Македонија 17.08.2016 15:30
Одложен распитот на Јанкулоска за случајот „Тврдина“
Одложен е распитот на поранешната министерка за внатрешни, Гордана Јанкулоска за случајот „Тврдина“. Побарала Специјалното јавно обвинителство да обезбеди, како што вели, увид во доказите и документите. Не се чуствува виновна и тврди дека не сторила кривично дело.
-
Македонија 17.08.2016 14:19
Почнуваат уписите на факултетите, на ФЕИТ место за 650 нови студенти
Факултетите утре ќе ги отворат вратите за матурантите. Околу 300 бруцоши, веќе аплицирале електронски на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Половина од нив се со висок просек- вели деканот Станковски. На овој факултет ќе можат да се запишат 650 нови студенти.
-
Македонија 17.08.2016 12:55
ДИК: Пријавени 6.181 граѓанин за регулирање на избирачкото право
За регулирање на избирачкото право досега се пријавиле вкупно 6.181 граѓанин до Државната изборна комисија (ДИК).









