Жителите на скопско Црешево се соочуваат со потреба од пумпи за вадење на водата, а на средбитe со претставници на надлежните институции побараа да се направи канал и за регулирање на Црешевска Река.
-
Македонија 11.08.2016 13:13
-
Македонија 11.08.2016 12:44
Метео: Утре дожд, засилен ветер и пад на температурите
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време со локален дожд особено претпладне.
Ќе дува засилен северен ветер кој долж Повардарието и во источните делови од земјава, повремено ќе достигнува брзина и над 90 километри на час.
-
Македонија 11.08.2016 12:41
Гази Баба бара средства за чистење и лична хигиена за настраданите во поплавите
Општина Гази Баба бара средства за дезинфекција, чистење и лична хигиена за настраданите во поплавите што викендов го зафатија Скопско.
Вода засега има во доволна количина, информираат од локалната самоуправа.
-
Македонија 11.08.2016 11:47
Се расчистува теренот во поплавените подрачја, сета расположлива механизација е низ улиците
Надојдената вода се вади од домовите, домаќинствата етапно добиваат струја. Багери, пумпи за испумпување, цистерни, камиони- сета расположлива механизација е низ улиците на најзагрозените подрачја во скопскиот регион.
-
Македонија 11.08.2016 11:34
Тактичко оперативниот центар на АРМ ги координира сите активности во поплавените подрачја
Од вчера во функција е ставен Тактичко оперативниот центар (ТОЦ) на АРМ, кој воедно е координативен центар за сите активности за ангажирање на потребните средства и персонал во санирањето на последиците од поплавите.
-
Македонија 11.08.2016 11:01
Пунктови во Ѓорче Петров за помош на загрозените од невремето
Отворени два пукнта во Ѓорче Петров за донирање на граѓаните од општината за настраданите делови од градот Скопје.
-
Македонија 11.08.2016 10:59
Општина Валандово ќе донира 300.000 денари за настраданите од поплавените региони
Советот на Општина Валандово од буџетот издвои 300 илјади денари за помош на настраданите од невремето во скопскиот регион.
Хуманитарна акција за собирање средства за најзагрозените, вчера спроведе и општинската организација на Црвениот крст.
-
Македонија 11.08.2016 10:32
Собрани милион денари во акцијата на ОМД за помош на поплавените
Вкупно 17.000 американски долари или речиси милион денари собра Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за два дена преку социјалните мрежи, во кампањата за донирање средства во рамки на акцијата на Црвениот крст.
-
Македонија 11.08.2016 10:13
Чешка испраќa техничка помош во Македонија
Чешка ќе испрати 8 електрични генератори и 47 пумпи за чистење тиња по поплавите, кои пред неколку дена ја зафатија Македонија. Хуманитарниот конвој ќе тргне денеска.
-
Македонија 11.08.2016 10:06
Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и ветер
За денеска попладне и утре повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.
Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме, информираат од УХМР.








