Македонија се солидаризираше со настраданите во невремето. Хумани граѓани, компании, синдикати, општини испраќаат пакети со помош, храна, вода, средства за хигиена и за дезинфекција.
-
Македонија 08.08.2016 16:25
-
Македонија 08.08.2016 16:10
Се санираат последиците од невремето, водата тешко се повлекува
Се вратил од Германија за да го помине летото со роднините, но наместо сонце го дочека поплава. Чедомир Лазаревски од скопско Стајковци за МТВ ја раскажа својата тажна приказна. Вели, повеќе од 50 илјади евра децениска заработка инвестирана во домот и покуќнината отпловија однесени од водата.
-
Македонија 08.08.2016 15:40
Одбележани 15 години од загинувањето на бранителите кај Карпалак
Прилеп денеска се сеќава и одбележува.
-
Македонија 08.08.2016 15:28
Отворена книга на жалост за жртвите од невремето
Книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме што го зафати Скопско денеска ќе биде отворена во просториите на салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).
-
Македонија 08.08.2016 15:22
Брисел подготвен да ѝ помогне на Македонија
Во моментов се работи на специфицирање на конкретните потреби за справување со вонредната состојба, по што и официјално ќе биде побарана меѓународна помош- информираа од македонското Министерсво за надворешни работи. Официјален Брисел најави дека е подготвен да ѝ помогне на земјава.
-
Македонија 08.08.2016 14:51
МТСП: Пет слободни дена за вработените од погодените подрачја
Приватните компании пет дена да ги ослободат од работа вработените кои живеат во подрачјата погодени од поплавите, препорачува Министерството за труд и социјална политика.
Препораката, како што соопшти Министерството, е согласно задолжението на Владата од седницата одржана вчера.
-
Македонија 08.08.2016 13:55
ССМ со хуманитарна акција за помош на настраданите од невремето
Сојузот на синдикатите на Македонија испраќа вода, храна и средства за хигиена за поплавените. Побарана е и помош од синдикатите од околните земји.
-
Македонија 08.08.2016 13:51
Хуманитарна помош за настраданите во невремето
На отворениот телефонски број 143-400 сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари за помош за жителите во подрачјата погодени од невремето.
-
Македонија 08.08.2016 13:37
Отворен пункт за хуманитарна помош во Прилеп
Прилеп ги става на располагање капацитети за техничка помош за санирање на последиците од невремето во Скопје. Локалната самоуправа и Црвениот крст отворија пункт за хуманитарна помош.
-
Македонија 08.08.2016 13:33
Општина Струмица: Милион денари за настраданите од поплавата
Милион денари за настраданите во поплавениот скопски регион, решија советниците на Општина Струмица. Испратена е и помош во механизација и луѓе за расчистување на местата кои беа погодени од поплавата.










