Првичните резултати од испитувањата на водата во поплавените подрачја во скопско укажуваат на санитарно исправна вода за пиење, соопшти денес ЈП Водовод и канализација- Скопје.
-
Македонија 09.08.2016 12:55
-
Македонија 09.08.2016 12:30
Помош од Прилеп и Велес за настраданите во поплавите во скопско
Прилеп испрати конвој со 150 луѓе и технички средства за поплавените во скопскиот регион.
-
Македонија 09.08.2016 12:25
Македонија се солидаризира со настраданите од саботното невреме
За два дена преку телефонскиот број за донации 143-400 беа собрани пет милиони денари. Граѓани, организации, општини, компании, синдикати донираат за настраданите во поплавите. Се испраќаат пакети со храна, вода, средства за хигиена.
-
Македонија 09.08.2016 12:18
Пронајдено телото на 12- годишно момче, се трага по 16- месечно девојче
Трагично заврши потрагата по 12- годишниот Иван Илиев од скопско Стајковци. Телото го пронашол неговиот татко и јавил во полиција. Во саботата приквечер детето со дедо си се возеле со трактор по улица во Стајковци кога силни млазови вода се откроиле од небото.
-
Македонија 09.08.2016 11:15
Најдено починато дете во Сингелиќ, се трага по исчезнато 16-месечно девојче
И.Г. од село Стајковци вчера околу 20:40 часот сам го пронашол телото на своето 12-годишно дете кое претходно беше пријавено за исчезното во невремето, потврдија од МВР за МИА.
Телото на детето е пронајдено на последната постојка за автобусот 65 во населбата Сингелиќ.
-
Македонија 09.08.2016 10:57
Припадници на српската полиција помагаат на поплавените во Црешово
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија кои вчера беа упатени да помогнат на граѓаните на Македонија загрозени од елементарната непогода, веднаш по пристигнување во село Црешево, Скопско, се вклучија во помош на населението, како и на санација на теренот и црпење вода.
-
Македонија 09.08.2016 10:53
Жителите на најпогодените места во скопскиот регион сѐ уште водат борба со надојдената вода
Жителите на најпогодените места во скопскиот регион сѐ уште бијат битка со надојдената вода. Со машини ја испумпуваат од куќите и дворовите. Штетата е голема, поплавени ни се куќите, но продолжуваме да се бориме со последиците од стихијата, велат жителите.
-
Македонија 09.08.2016 09:25
Хуманитарна продажна изложба за настраданите во поплавите
Продажна хуманитарна изложба на повеќе од 30 македонски уметници (сликари, графичари, цртачи, писатели, дизајнери на накит) од неколку македонски градови ќе се одржи вечер од 20 часот во арт-кафето „Концепт 37“.
-
Македонија 08.08.2016 16:45
Македонија тагува за жртвите од поплавите
Знамиња на половина копје. Главниот град осамна во непребол за своите сограѓани. Само за неколку часа водената стихија остави пустош зад себе. Однесе човечки животи, уништи илијадници домови, предизвика огромна материјална штета.
-
Македонија 08.08.2016 16:42
За пет минути загубивме сѐ: Ноќ под туѓ покрив за жители на Стајковци
На седумдесет години- бездомници. Димитрие и Даница Димовски во кесата со лекови и четири блузи го спакуваа својот живот. Големата поплава им го расипа мирот штo планираа да го живеат во родното Стајковци. Изутрината се разбудија под туѓ покрив, во ученичкиот дом „Партенија Зографски“.










