Солзи во очите на стотиците жители од поплавените места, кои ги загубија своите домови во силното невреме. Водата однесе човечки животи, причинета огромна материјална штета, угината стока, уништен род. Најдојдената вода се уште се црпи од подрумските простории.
-
Македонија 08.08.2016 12:58
-
Македонија 08.08.2016 12:39
Македонија тагува, знамиња на половина копје
Знамиња на половина копје. Главниот град осамна во непребол за своите сограѓани. Македонија тагува. Само за неколку часа водената стихија остави пустош зад себе. Однесе човечки животи, уништи илијадници домови, предизвика огромна материјална штета.
-
Македонија 08.08.2016 12:28
Повредените од поплавите не се во животозагрозувачка состојба
Ниту еден од седумтемина повредени што се хоспитализирани на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ не е во животозагрозувачка состојба. Врз тројца се извршени оперативни интервенции.
-
Македонија 08.08.2016 11:52
Експерти од ЕУ ќе ја проверуваат атмосферската канализација во поплавените подрачја
Двајца експерти од Европска Унија ќе ја проверуваат атмосферската канализација во поплавените подрачја. Ова е дел од помошта преку механизмот за цивилна заштита на Унијата кој вчера и беше понуден на земјава.
-
Македонија 08.08.2016 10:59
Чествувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски се одложува за утре
Македонската академија на науките и уметностите соопшти дека чествувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, закажана за денеска се одложува за утре.
-
Македонија 08.08.2016 10:38
На „Ало докторе“ изминатата недела 1.316 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 1 август до 7 август) имало 1.316 повици.
Од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија, досега, имало 106.746 повици.
-
Македонија 08.08.2016 10:35
Петнаесет години од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак
Владина делегација предводена од министерот за одбрана, Зоран Јолевски и делегација на АРМ положи цвеќиња пред спомен плочата во месноста Карпалак каде што се одбележуваат 15 години од загинувањето на 10-те бранители на Карпалак во 2001 година.
-
Македонија 08.08.2016 10:12
Најмногу дожд ноќеска во Крушево
Не престанува да врне низ земјава. Во последниве 24 часа најмногу дожд, 51 литар на квадратен метар наврна во Крушево, а најмалку еден литар во Берово.
-
Македонија 08.08.2016 10:04
Ден на жалост за настраданите во поплавите, кризна состојба во скопско и тетовско
Тажен ден за Македонија, денеска е ден на жалост за настраданите во поплавите во неколкуте скопски села и населби. Знамињата пред државните институции се на половина копје, за 21-та жртва на незапаметеното невреме.
-
Македонија 08.08.2016 08:14
Поради дожд пренасочен сообраќајот на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје
Поради обилни врнежи од дожд утринава патничкиот сообраќај на автопатот Гостивар - Тетово - Скопје поточно од клучката Југ е пренасочен преку тетовското градско подрачје до клучката Север.










