Од денеска до четврток државна матура полагаат матурантите кои во јунската сесија не ја положиле. Во августовскиот испитен рок се пријавени 1.802 ученици.
-
Македонија 15.08.2016 10:18
-
Македонија 15.08.2016 10:16
Почнуваат уписите на државните универзитети
Денеска почнува пријавувањето за упис во прва година додипломски студии на три државни универзитети во Битола, Штип и во Охрид. Уписите во Тетово се утре, а на скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ в четврток и в петок.
-
Македонија 15.08.2016 10:14
Седма школа за млади лидери во Охрид
Во Охрид, на иницијатива на претседателот Иванов, ќе се одржи седмата по ред Школа за млади лидери. Ќе присуствуваат 28 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, од Европската унија, САД, Австралија и од Египет.
-
Македонија 14.08.2016 14:28
Целосно обесштетување на погодените од невремето
Целосно ќе бидат обесштетени жителите чии домови, имот и стока беа уништи од поплавата. Владата усвои пакет со осум мерки. Според вицепремиерот Тодоров, мерките треба да придонесат кон враќање на секојдневниот живот во погодените места.
-
Македонија 12.08.2016 16:43
Метео: Стабилизација на временските услови
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Дневната температура ќе достигне до максимални 28 степени.
-
Македонија 12.08.2016 16:37
Механизација го расчистува теренот во поплавените места, АРМ соработува со КФОР
И по пет дена од трагедијата во Скопско, не пресушија солзите на очајните жители. Апокалиптични снимки од библиската поплава во Смилковци и Стајковци, каде што семејства си ги загубија најмилите.
-
Македонија 12.08.2016 16:28
Комисија за заразни болести: Нема шуга во поплавените подрачја
Нема појава на шуга во поплавените подрачја, но забележани се само цревни инфекции и кожни алергии- велат од Комисијата за заштита од заразни болести.
-
Македонија 12.08.2016 16:13
Стотина засолнети во прифатни центри, пристигнува хуманитарна помош
Прифатните центри станаа дом за повеќе жители на Стајковци, Синѓелиќ, Економија. Се навикнуваат на новата реалност, откако поплавите им ги уништија куќите. 45 се во „Партенија Зографски“, меѓу нив има мајки и деца. 102-ца, претежно возрасни, се во „Сенич“, шестмина во „Ранка Милановиќ“.
-
Македонија 12.08.2016 15:34
Нема заработка на туѓа мака: Владата донесе одлука против злоупотребата на трговците
Цените на флашираната вода, заштитните ракавици и маски, гумените чизми, свеќите за домаќинсво и средствата за дезинфекција да се вратат на истото ниво од 5-ти август, ден пред ставотните поплави. Од Владата велат дека ја донеле одлуката за да спречат заработка на туѓата мака.
-
Македонија 12.08.2016 15:00
МПЦ-ОА ќе формира солидарен фонд за поплавените
Македонската православна црква- Охридска архиепископија ја започнува втората фаза помош за настраданите во минатонеделните поплави.










