Во Тирана уапсен е македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница, осомничен за учество во Исламска држава.
Потерницата по 46 годишниот Гостиварец била распишана пред една година.
Во Тирана уапсен е македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница, осомничен за учество во Исламска држава.
Потерницата по 46 годишниот Гостиварец била распишана пред една година.
На четири дека до истекот на рокот, до Државната изборна комисија пристигнале 5.022 барања за регулирање на избирачкото право. Се работи за граѓани кои се наоѓаат на списокот со спорни записи, каде фигурираат вкупно 39.502 граѓани.
Унгарија донираше средства за дезинфекција, храна за бебиња и други неопходни средства за настраданите во поплавите. Уште четири камиони помош ќе пристигнат наскоро.
Нема нови случаи на заболени од цревни и од кожни болести во Стајковци, најпогоденото место во невремето. Здравствените власти велат дека состојбата е под контрола, луѓето одат на прегледи во привремената ординација.
Македонската заедница од Мисисага, Онтарио организира хуманитарна акција за настраданите во поплавите во Скопско при што се донирани 17.000 долари.
Изминатата недела на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ се јавиле 1.243 граѓани. Од кога започна да работи телефонската линија 02/15 123 до сега остварени се вкупно 107.989 повици.
ЕВН Македонија соопшти дека се санирани сите дефекти во дистрибутивната мрежа во најпогодените подрачја од поплавите во Скопскиот регион и како што информираа од компанијата, скоро сите корисници во овој регион имаат електрична енергија.
Собранието синоќа со 58 гласа за и еден против донесе заклучоци за состојбата во поплавените подрачја во Скопско, што ги предложија Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ.
Од денеска до четврток државна матура полагаат матурантите кои во јунската сесија не ја положиле. Во августовскиот испитен рок се пријавени 1.802 ученици.
Денеска почнува пријавувањето за упис во прва година додипломски студии на три државни универзитети во Битола, Штип и во Охрид. Уписите во Тетово се утре, а на скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ в четврток и в петок.