Зависноста од цигарите е навика која влијае врз здравјето, а откажувањето е многу тешко - велат лекарите. За две години, речиси 700 граѓани ги посетиле советувалиштата за откажување од пушење низ земјава.
-
Македонија 30.05.2016 15:51
-
Македонија 30.05.2016 15:44
Јакимовски: Иванов да ги декласифицира сите информации врз основа на кои е донесена аболицијата
Претседателот Ѓорге Иванов да ги декласифицира сите информации врз основа на кои е донесена аболицијата, побара партијата на Стевче Јакимовски. Оттаму велат дека ја осудуваат аболицијата уште од самиот старт.
-
Македонија 30.05.2016 15:27
Се забрзува реализацијата на итните реформски приоритети
Реализацијата на итните реформски приоритети ќе се забрза со интензивна комуникација меѓу владата и институциите, изјави по состанокот на извршната власт, премиерот Емил Димитриев.
-
Македонија 30.05.2016 15:13
Алтхаузер: Политичарите треба заедно да најдат решение
Германската амбасадорка во земјава ги повика политичките лидери да работат на решавањето на политичката криза. Што се однесува до укинувањето на аболицијата, и натаму сметаме дека тоа треба да биде сеопфатно, изјави амбасадорката Кристине Алтхаузер.
-
Македонија 30.05.2016 14:59
Пратенците расправаат за формирање Комисија за импичмент на Иванов
Пратениците на денешната пленарна седница решаваат за формирање комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов.
-
Македонија 30.05.2016 14:53
Ќе се отворат три приватни старски домови
Ќе се отвораат три нови приватни домови за стари лица. Одобренијата беа запрени повеќе од три ипол месеци, рече министерот за труд и социјална политика. Спасов потенцира дека меѓу другото, овие институции ќе донесат и отворање на нови работни позиции.
-
Македонија 30.05.2016 14:47
Македонската традиционална храна претставена во Атина
Македонската амбасада во Атина по втор пат учествуваше на фестивалот за храна во организација на сопруги и сопрузи на акредитираните амбасадори во Грција.
На фестивалот за храна во Атина, Македонија оваа година беше претставена со гравче тавче, ајвар и органски чаеви.
-
Македонија 30.05.2016 14:36
Метео: Утре температурата до 32 стапени
Сончевото и многу топло време во Македонија продолжува и утре. Ќе дува и умерен ветер од западен и северозападен правец, а дневната температура ќе достигне до максимални 32 степена.
-
Македонија 30.05.2016 13:19
Завршни зборови во случајот „Фабрика за афери“
Не сум виновен и барам судот да ме ослободи. Ова го побара во завршниот збор Захир Беќири - Чауш. Рече дека обвинителството работи по инструкции на власта.
-
Македонија 30.05.2016 13:05
Лани намален бројот на сторители на кривични дела
Бројот на пријавените, обвинетите и осудените полнолетни и малолетни сторители на кривични дела е намален во 2015 година, споредено со претходната година, информира денеска Државниот завод за статистика.










