35- годишната Јулијана Ујгуноска од прилепско Боротино загина, а нејзиниот сопруг, 43- годишниот Рубинчо е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска, во еден часот по полноќ на периферијата на Прилеп. Мажот е пренесен во градската болница и е надвор од животна опасност.
-
Македонија 30.05.2016 12:17
-
Македонија 30.05.2016 12:11
Пратениците ќе одлучуваат за формирање Комисија за импичмент на Иванов
Пратениците на денешната 103-та пленарна седница во Собранието треба да одлучуваат за формирање Комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, поради неговата одлука за аболиција на политичари и нивни соработници.
-
Македонија 30.05.2016 10:35
Четири децении Европска Народна Партија
Европската Народна Партија, водечката политичка структура во ЕУ, денеска во Луксембург одбележува 4 децении од основањето.
-
Македонија 30.05.2016 10:32
Мариово: Богати потенцијали за алтернативен туризам
Сеќавања, носталгија за поранешното големо Мариово. Со многу жители со прекугранични средби. По 32. пат во мариовскиот манастир „Свети Илија“ се сретнаа некогашните Мариовци. Мегленци некогаш ги има, другпат не можат да дојдат.
-
Македонија 30.05.2016 10:21
Делегација на Собранието на конференција во ЕП во Брисел
Во Европскиот парламент во Брисел, денеска ќе се одржи меѓународна парламентарна конференција, посветена на заемноста меѓу политичките групи, партиите и владата, во процесот на пристапувањето во ЕУ.
-
Македонија 30.05.2016 10:11
Автомобил падна во река во Прилеп, загина жена, повреден маж
Една жена загина, а маж е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска, во еден часот по полноќ во Прилеп.
Автомобил „Опел астра“, од засега непознати причини удрил во огрдата на малиот мост на Градска Река, кај сточното пазариште во Прилеп, по што паднал во реката.
-
Македонија 30.05.2016 10:05
Меѓународната награда „Иса бег Исаковиќ“ за претседателот Иванов
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во Сараево ја прими престижната меѓународна награда „Иса бег Исаковиќ“. Меѓу номинираните за ова високо признание беа и шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Могерини, и поранешниот турски премиер Давутоглу.
-
Македонија 30.05.2016 09:54
На „Ало докторе“ изминатата недела помош побарале 1271 лице
Изминатата недела на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ помош побарале 1.271 лице, а од почетокот на проектот се реализирани вкупно 95.312 повици, информира Здравствениот дом Скопје.
-
Македонија 30.05.2016 09:53
Попоски во посета на Холандија, актуелниот претседавач со ЕУ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во посета на Кралството Холандија, која е актуелен претседавач со Европската Унија.
-
Македонија 29.05.2016 12:44
Претседателот Иванов на лидерски состанок на „Брдо Бриони процесот“
Забрзана интеграција на целиот регион во ЕУ и НАТО е главна цел на состанокот на лидерите на „Брдо Бриони процесот“, кој денеска се одржува во Сараево, а на кој учествува и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.










