Од денеска стартува набљудувачката мисија на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права за предвремените парламентарни избори закажани за 5-ти јуни.
-
Македонија 31.03.2016 17:01
-
Македонија 31.03.2016 16:36
Состојбата на јужната граница мирна, мигрантите не се откажуваат од Европа
И додека на македонскиот дел од границита, затворената порта јасно порачува запирање на илегалната миграција, на грчка страна хаотичната состојба доведува до инциденти со тамошната полиција.
-
Македонија 31.03.2016 16:28
Забрана за објавување лични податоци за ДИК
Дирекцијата за заштита на личните податоци и забрани на Државната изборна комисија да ги објавува личните податоци на граѓаните кои имаат неконзистентни записи и се опфатени со теренската проверка.
-
Македонија 31.03.2016 16:24
Во јавниот сектор вработени 128.347 лица во 1.288 институции
Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска- Томовска го објави првиот годишен извештај за податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор. Тој содржи 80 страници, близу дваесетина пресеци.
-
Македонија 31.03.2016 16:00
Од утре ново намалување на цените на лековите
Антибиотици, лекови за третман на висок крвен притисок, депресија, леукемија, канцер - по девети пат се намалија цените на лековите. Од 1-ви април поевтинуваат 165 лека, дел од нив, граѓаните ќе можат да ги купат и по двојно пониска цена.
-
Македонија 31.03.2016 15:04
Хан: ЕУ поддржува избори на 5-ти јуни
Европската унија поддржува избори на 5-ти јуни. Ова е пораката што еврокомесарот Хан му ја пренел на министерот Попоски на синоќешната средба во Драч. Хан за МТВ потврдува дека тема на разговор биле претстојните избори.
-
Македонија 31.03.2016 14:21
Метео: Утре максимална температура до 26 степени
Сончевото стабилно и суво време продолжува и утре со максимална температура до 26 степени.
Во сабота ќе биде уште потопло, а во недела е можно локално наоблачување кое ќе услови благо опаѓање на температурите во однос на сабота.
-
Македонија 31.03.2016 14:20
Меморандум за соработка меѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РМ и Естонската ревизорска асоцијација
Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија Соња Ѓелова-Стојанова и претседателот на Естонската ревизорска асоцијација Мерт Мартин Аренгу денеска во Талин, Република Естонија, потпишаа Меморандум за соработка.
-
Македонија 31.03.2016 14:11
Забрана за ДИК да обезбедува е-пристап до личните податоци
По вонреден инспекциски надзор во Државната изборна комисија за објавувањето на личните податоци од избирачкиот список на нејзината интернет страница, Дирекцијата за заштита на личните податоци донесе две привремени решенија.
-
Македонија 31.03.2016 13:55
Чешка донација за набавка на 25 возила за МВР
Нова чешка донација за македонската полиција од 25 возила во износ од 740 илјади евра. Ќе се користат на границата за поефикасно справување со бегалската криза.










