Со увид во поштенските адреси на речиси сите граѓани на Република Македонија се прекршува уставната гаранција за почитување и заштита на приватноста, децидни се од Агенцијата за пошти.
-
Македонија 01.04.2016 13:06
-
Македонија 01.04.2016 13:04
Комисија за надзор на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање
Во Собранието, седница на Комисијата за надзор на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање. По две паузи и меѓусебни консултации, Комисијата реши да расправа по информацијата за можните безбедносни ризици и закани од регионален и глобален аспект со импликации врз безбедноста на државава.
-
Македонија 01.04.2016 12:58
Град Скопје ќе додели садници на урбани месни заедници и куќни совети
Пролетна акција на Град Скопје за доделување 2 илјади листопадни и зимзелени дрвца од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ на заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници.
-
Македонија 01.04.2016 12:25
Јолевски: Македонија дава значаен придонес кон евроатлантската безбедност и стабилност
„Природата на безбедносните предизвици бара подобрена и сестрана соработка помеѓу земјите и сите засегнати страни. Македонија се докажа како сериозен партнер во справувањето со безбедносните предизвици.
-
Македонија 01.04.2016 11:14
Од денеска пониска цена на 165 лекови
Од денеска, ново поевтинување на цената на лековите. Опфатени се 165 оригинатори и генерики. Здравствените власти пресметале вкупни заштеди од 653 илјади евра. Ова е деветто намалување на цената на лековите.
-
Македонија 01.04.2016 10:45
Јолевски на министерски состанок во Виена
Министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе учествува на министерскиот состанок на Централно- европската одбранбена соработка што ќе се одржи денеска во Виена.
-
Македонија 01.04.2016 10:22
Закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари
Вкупно на огласот се понудени скоро 1.150 хектари во Свети Николе, Велес, Прилеп, Пробиштип и во Радовиш.
Нивите можат да се користат за одгледување на едногодишни и повеќегодишни култури, за лешници и за рибници, за период од 15 години до 70 години.
-
Македонија 01.04.2016 09:47
Априлијада за Денот на шегата
По повод Денот на шегата 1-ви април, на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Априлијада - Скопје се смее“.
-
Македонија 01.04.2016 09:07
ДИК ќе го повлече од јавен увид избирачкиот список
Државната изборна комисија реши да ја почитува забраната на Дирекцијата за заштита на личните податоци и ќе го повлече од јавен увид избирачкиот список, како и списокот со неконзистентни записи.
-
Македонија 01.04.2016 08:27
ДУИ одлучи да ги повлече претставниците во извршната власт
Централното раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) реши да ги повлече своите претставници од извршната власт, соопшти синоќа партијата.










