Македонија прва ја испрати Армијата на границата и го активираше кризниот менаџмент за да се справи со бегалската криза и тоа го направи успешно.
-
Македонија 25.03.2016 12:31
-
Македонија 25.03.2016 12:21
Претставен системот за присилно запирање возила во бегство- „Стингер“
Во Центарот за обука во Идризово, изведена практична вежба за употреба на системот за присилно запирање на возила во бегство таканаречен „Стингер“.
-
Македонија 25.03.2016 12:16
Спасовски: Институциите будно ја селдат ситуацијата и лицата повратници од Сирија
По терористичките напади во Брисел, македонските надлежни инситуции будно ја следат ситуацијата како превентива од можни закани, вели министерот за внатрешни Спасовски. Посебно внимание треба да се посвети на лицата што учествувале на боиштата на Блискиот Исток.
-
Македонија 25.03.2016 12:05
Се проверува дали тримесечно бебе од Дојран има Зика вирус
Тримесечно бебе од Дојран со аномалија во делот на черепот и со мала глава по извршен рутински преглед и по препорака на педијатар од Струмица пред две и пол недели е донесено на Универзитетската Клиника за детски болести.
-
Македонија 25.03.2016 11:04
Случај „Ќелија“: Продолжува седницата за оцена на обвинителниот акт
Во скопскиот Кривичен суд, продолжение на јавната седница за оцена на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“. На првата јавна седница, шестмина осомничени изразија подготвеност за признавање на вината и побараа во спогодба со јавниот обвинител да им биде определена казната.
-
Македонија 25.03.2016 10:43
Притвор за уште еден од уапсените во акцијата „Фабрика за афери“
За уште едно од лицата кои во спроведувањето на акцијата за предметот познат како „Фабрика за афери“ беа лишени од слобода, надлежен јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор.
-
Македонија 25.03.2016 10:29
Иванов: Македонија сака отворени и искрени односи со сите соседи
Македонија сака со сите соседи, вклучително и со Бугарија, да има отворени и искрени односи на добрососедство и пријателство, порача претседателот Иванов во интервју за бугарската новинска агенција „БГ-НЕС“.
-
Македонија 24.03.2016 16:37
„Холивудско сценарио“: Реакции по акцијата на СЈО во Централен регистар
Дел од документите на Централниот регистар се во рацете на истражните тимови на Катица Јанева. Под сомнение за криминал, специјалното обвинителство спроведува предистражна постапка, но, засега не открива за кој предмет станува збор.
-
Македонија 24.03.2016 16:17
Случај „Фабрика за афери“: Претрес на повеќе локации, уапсени пет лица
Од Јавното обвинителство попладнево соопштија дека продолжува истрагата за предметот „Фабрика за афери“. Уапсени се петмина. Претрес бил извршен на повеќе локации во Скопје и околината.
Биле пронајдени и одземени компјутер, хард диск, огнено оружје, материјали и документација.
-
Македонија 24.03.2016 15:49
Се унапредува соработката меѓу деловната заедница и универзитетите
Без вистински партнерски однос помеѓу универзитетите и стопанставото нема релевантна деловна заедница. Практичните проекти покажуваат дека деловниот сектор и те како некогаш придонесува за осовременувањето на наставата и академските програми.










