Во Собранието не помина предлог- законот за организацијата и работата на органите на државната управа. Гласаа само 55 пратеници.
Беше потребно двотретинско мнозинство. Пратениците од СДСМ и од ДУИ не гласаа.
Во Собранието не помина предлог- законот за организацијата и работата на органите на државната управа. Гласаа само 55 пратеници.
Беше потребно двотретинско мнозинство. Пратениците од СДСМ и од ДУИ не гласаа.
Високи тонови, партиски препукувања. Уште незапочната, се одложи комисиската расправа за измените на Законот за кривична постапка.
Во наредните денови ни претстои период на тивко, стабилно, сончево и потопло време со високи дневни температури.
Најтопло ќе биде во петок со дневна температура до 26 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Австријци се заинтересирани за купување на имоти на брегот од Охридското Езеро.
Државната изборна комисија на својата веб- страница го објави списокот со лицата кои имаат неконзистентни записи и подлежат на теренска проверка. Од првичниот увид, од близу 90 илјади граѓани, најголем дел се етнички албанци.
Утре и задутре во Драч се одржува состанок на шефовите на дипломатиите од Западен Балкан, што е продолжение на конференциите од берлинскиот процес на соработка, што се одржа во Берлин и во Виена.
Граѓаните на Скопје должат на ЈП „Водовод и канализација“ околу 38 милиони евра, а стопанските субјекти кои работат во скопскиот регион 15 милиони евра. соопшти директорот на јавното претпријатие, Александар Атанасов.
Општина Кисела Вода во пресрет на завршување на продолжениот рок за поднесувања барања за легализација на бесправно изградени објекти, денеска и утре ќе работи до 20 часот, односно до 24 часот.
Седницата на Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) која беше закажана за денеска е одложена поради немање кворум.
Студенти од Македонија по четврти пат ќе бидат дел од глобалниот натпревар на НАСА и ќе имаат можност да понудат решенија за некои од глобалните проблеми со кои се соочува Земјата и Вселената.