Општина Центар има најзагаден воздух, а мерната станица регистрирала концентрација од 431 микрограм честички ПМ 10 на метар кубен.
Над нормалата е загаден воздухот и во другите скопски општини. Следуваат Тетово, Битола, Кавадарци, Кичево и Кочани.
Општина Центар има најзагаден воздух, а мерната станица регистрирала концентрација од 431 микрограм честички ПМ 10 на метар кубен.
Над нормалата е загаден воздухот и во другите скопски општини. Следуваат Тетово, Битола, Кавадарци, Кичево и Кочани.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе му го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија“ на Македонскиот народен театар.
Верниците од Католичка вероисповед, како и дел од христијанските, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат раѓањето христово Божик.
Маглата го отежнува одвивањето на сообраќајот на повеќе патишта низ државата.
Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце времено става клуч на врата. Менаџментот донел одлука поради загадувањето на Тетово капацитетот да престане со работа од Нова година до крајот на февруари.
Медицински сестри, лаборанти, рентген-техничари, физиотерапевти - над 500 здравствени работници со завршено високо образование од февруари ќе имаат повисоки плати. Покачувањето ќе се одвива етапно, во три фази.
За една година на СОС телефонот за деца и млади се јавиле 113 лица кои побарале помош или совет за проблемите со кои се соочуваат, од нив само две деца.
Државниот испитен центар информира дека на 25- ти декември ќе бидат објавени прашањата за екстерното тестирање за учениците од завршните години на средното образование. Објавениот базен со прашања ќе содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20% нови прашања.
Во ЕУ и НАТО сакаме не за да направиме некого среќен, туку поради интересот на државата. Македонија одамна го заслужи членството во Алијансата, но единствената пречка е блокадата од Грција, рече шефот на дипломатијата Попоски. Ние сме за унапредување на дијалогот и за градење меѓусебна доверба.
Повисоки плати за над 500 здравствени работници со вишо и високо образование. Во 2016 ќе инкасираат за речиси 37 насто повисоки плати. Медициснки сестри, рентген техничари, физотерапевти, лаборанти. Во три фази, почнувајќи од февраури, ќе го добијат покачувањето на платите.