Новоименуваниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера попладне испратил телеграма до раководителите на организациските единици во Министерството, Бирото за јавна безбедност, до Централните полициски служби, до УБК и до сите сектори, со која престануваат да важат сите пренесени овл
-
Македонија 13.11.2015 14:52
-
Македонија 13.11.2015 13:43
Ограбена бензинска во Дељадровце
Три непознати маскирани лица вооружени со огнено оружје изутрината околу 3:50 часот извршиле разбојништво над вработен на бензинската пумпа „Макпетрол“ во скопското село Дељадровце.
Крадците одзеле околу 9.000 денари по што го напуштиле местото на настанот.
-
Македонија 13.11.2015 13:42
Во понеделник одлука за оглас за нови членови на ДИК
Собранието в понеделник на пленарна седница ќе расправа по предлог одлуката за распишување оглас за нови членови на Државната изборна комисија.
-
Македонија 13.11.2015 12:52
Повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“
Во скопскиот Кривичен суд, уште едно, петто одложување на рочиштето за случајот „Пуч“. Причина- повторно непојавувањето на четвртообвинетиот Зоран Заев.
Образложението на неговата одбрана беше дека имал меѓународни активности и приложија копија од авионскиот билет.
-
Македонија 13.11.2015 12:50
Министерот Спасовски со одлука за престанок на пренесените овластувања
Само 24 часа од поставувањето на функцијата министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера попладне испратил телеграма до раководителите на организациските единици во Министерството, Бирото за јавна безбедност, до Централните полициски служби, до УБК и до сите сектори, со која престануваат
-
Македонија 13.11.2015 12:09
Трајановски на средба со борците од градскиот одбор на НОАВМ
Во чест на 13-ти ноември, Денот на ослободување на Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утрово се сретна со претставници на градскиот одбор на Сојуз на борци од Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија.
-
Македонија 13.11.2015 11:59
МВР: За 24 часа издадени 2.897 потврди за азил
Во последните 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.897 странски државјани, од кои 1.531 се од машки пол, 481 се од женски, 634 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, соопштија од МВР.
-
Македонија 13.11.2015 10:39
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето
Скопје го одбележува 13-ти ноември, Денот на ослободувањето. Владина делегација, од Градот Скопје и од политичките партии, ќе положат свежо цвеќе на партизанските гробишта, пред споменикот на Генерал Михајло Апостолски во Бутел, и пред спомен обележјето на Ослободителите на Скопје.
-
Македонија 13.11.2015 10:33
Операционите сали на дигестивна хирургија и денеска затворени, освен за итните случаи
Лекарите со поддршка за нивниот колега, кој пред четири дена беше повреден со огнено оружје на Клиниката за дигистивни болести. Побараа поголема соработка со здравствените власти, подобрување на своите позиции во општеството и поголем квалитет во лекувањето на пациентите.
-
Македонија 13.11.2015 10:28
Попоски на министерска конференција на земјите од Вишеградската група и Западен балкан
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски учествува на министерската конференција на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан, што се одржува во Прага под покровителство на чешкото Министерство за надворешни работи, актуелен претседавач со Вишеградската група.










