Оризопроизводителите годинава очекуваат високи приноси. Доколку поволните временски услови се задржат до жетвата се проценува дека ќе се соберат скоро 5 тони по хектар, односно вкупно производство на оризовата арпа од 24.000 тони или околу 13.400 тони бел ориз.
-
Македонија 29.09.2015 10:16
-
Македонија 29.09.2015 09:58
Собранието ќе ја продолжи 67-та седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 67-та седница со расправата по измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки.
-
Македонија 28.09.2015 16:49
Метео: Утре посвежо време
Променливо облачно и посвежо време со слаб до умерен на моменти засилен северен ветер не очекува и во текот на утрешниот ден.
Максималната температура ќе достигне до 21 степен. Овие временски услови продолжуваат до четврток, а во петок се очекува благ пораст на температурите.
-
Македонија 28.09.2015 16:26
ФЗОМ ќе ги потсетува хронично болните да прават редовни прегледи
Осигурениците со дијабетес, кардиолошки и бубрежни болести од идниот месец ќе добиваат повик од Фондот за здравство. Преку телефон, СМС или електронска порака, ќе ги потсетуваат болните да прават редовни контроли и да ја земаат терапијата.
-
Македонија 28.09.2015 16:06
Судење: Трикратниот убиец од Кавадарци бил пресметлив
Пред истиот судски совет во основниот суд во Велес продолжи судењето на Тони Станоев, трикратниот убиец од Кавадарци. На главниот претрес свои изјави дадоа балистичарот, патологот и невропсихијатарот кој работеа во изготвувањето на вештачењето.
-
Македонија 28.09.2015 16:01
Аргировски: Повисоките пензии ќе го подобрат стандардот
Растат пензиите, а со тоа и стандардот на 300.000 пензионери во Македонија. Од 5-ти октомври ќе добијат повеќе пари. Септемвриската пензија ќе биде повисока за 621 денар. И за в година, Владата планира пензиите да ги зголеми за 5 насто. Пензионерите се задоволни од новото зголемување.
-
Македонија 28.09.2015 15:41
Судската независност уставно загарантирана
За тоа колку и како се гарантира независноста на судството проговорија најповиканите во професијата. Во земјава заштитата на судството од влијанија и притисоци е гарантирана со Устав и закони но клучна е свеста на судиите и обвинителите, смета првиот човек на Судскиот Совет, Ушковски.
-
Македонија 28.09.2015 14:26
ФЗОМ отвора кол центар за директна комуникација со осигуреницитие кои имаат хронични болести
Фондот за здравство од идниот месец преку кол центар ќе комуницира со осигурениците кои се хронично болни од кардиолошки, бубрежни заболувања и дијабетес. Ќе ги потсетуваат овие болни за сите потребни прегледи кои треба да ги извршат во текот на годината.
-
Македонија 28.09.2015 13:37
Одбележан меѓународниот ден за слободен пристап до информации
Под мотото „Имам право да знам“ е одбележан Меѓународниот ден за заштита на правата на слободниот пристап до информации од јавен карактер, во соработка со мисијата на ОБСЕ.
-
Македонија 28.09.2015 13:28
Зголемен интересот за неформално образование
Се зголемува интересот за неформално образование во земјава. Од 2012-та се верификувани 133 програми за доквалификација. Преку организирање обуки, се повеќе од компаниите се обезбедуваат со дефицитарен кадар.










