Стотина македонски камиони се заглавени на хрватско-српската граница поради блокадите на граничните премини меѓу Хрватска и Србија што меѓусебно ги воведоа Загреб и Белград, соопштуваат од транспортните асоцијации во земјава.
-
Македонија 25.09.2015 12:51
-
Македонија 25.09.2015 12:07
Обвинителство: На Хаџиски да му се суди одново
Обвинителството се согласи на обвинетиот Миле Хаџиски да му се суди одново. Откако обвинетиот достави барање за повторување на постапката, јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство.
-
Македонија 25.09.2015 11:37
Македонец почина во затворот во Детроит
Македонецот Давид Стојчевски почина во затворот во Детроит откако за 17 дена од затварањето ослабел 25 килограми.
Минатата година направил сообраќаен прекршок поради што требал да плати глоба од 750 долари, но бидејќи немал пари, судот му изрекол казна затвор од еден месец.
-
Македонија 25.09.2015 10:57
Охридскиот совет ја усвои физибилити студијата за изградба на марина
По бурна расправија охридските советници ја усвоија физибилити студијата за изградба на марина на малото пристаниште.
-
Македонија 25.09.2015 10:36
Домашното производство на свинско месо обезбедува само половина од потребите
Домашното производство на свинско месо ги обезбедува само половина од потребите на пазарот кои изнесуваат 40.000 тони.Поголем дел од сежото месо доаѓа од фармите, а месната индустрија за своите потреби увезува замрзнато свинско месо.
-
Македонија 25.09.2015 09:59
Денес врнежливо и облачно, викендов променливо време
Времето во текот на денов ќе биде врнежливо и облачно, а викендов променливо со температури до 26 степени.
-
Македонија 24.09.2015 17:32
Невреме во Скопје, врнежи и во текот на ноќта
Невреме со поројни врнежи од дожд, град, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје.
Нестабилното време и влажната воздушна маса од Медитеранот ќе ја зафатат цела Македонија, најавија од УХМР.
-
Македонија 24.09.2015 17:22
Се решаваат проблемите со платите во Македонски железници
Се реализира договорот меѓу менаџментот и синдикатите на вработените во МЖ-Транспорт. За кратко време на вработените им се исплатени вкупно 114 милиони денари. Целосно се исплатени обврските за јуни и јули како и половина од августовската плата.
-
Македонија 24.09.2015 16:57
Проекти: Се решаваат прблемите на граѓаните
Се чисти речното корито на Треска откако жителите се пожалија дека сметот ја истиснува водата и им се поплавуваат земјоделските посеви. Градежен шут и трупци од дрва вадат багерите од дното на реката.
-
Македонија 24.09.2015 16:53
Клиниката за хематологија ќе прави трансплантации од несроден дарител
По 10-тина пациенти годишно од земјава се праќаат во странство за трансплантација на матични клетки од несроден дарител, чини од 150 до 300 илјади евра. Лекарите се подготвуваат оваа интервенција да ја изведуваат кај нас.










