Со одлука на Владата е формирана Управа за електронско здравство како посебен орган во состав на Министерството за здравство.
-
Македонија 29.09.2015 15:48
-
Македонија 29.09.2015 15:28
ИЗИИС одликуван со Орден за заслуги за Македонија
Во 2013-та ИЗИИС беше прогласен за институт на УНЕСКО. Со тоа не само што стана прва институција на УНЕСКО во Македонија, туку и единствен институт на УНЕСКО во светот што работи на полето на земјотресното инженерство, сеизмологијата и намалувањето на ризиците од големите земјотреси.
-
Македонија 29.09.2015 15:03
Национална стратегија за подобрување на казнениот систем
Заштита на правата на затворениците, почитување на нивното достоинство со цел, по враќањето во заедницата да живеат продуктивен живот ослободен од криминал. Ова е една од целите на Националната стратегија за Казнениот систем. Проектот е финансиран од ЕУ, преку ИПА фондовите.
-
Македонија 29.09.2015 14:21
Метео: Утре променливо облачно со сончеви периоди
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер.
Потоа, од четврток следува период на сончево време со умерена облачност, а температурите ќе бележат тенденција за постепен пораст.
-
Македонија 29.09.2015 14:20
Мисајловски во Брисел на средба со директорот на „Евроконтрол“
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Горан Јандреоски денеска во Брисел се сретнаа со генералниот директор на „Евроконтрол“, Франк Бренер.
-
Македонија 29.09.2015 14:10
Акција „Мрежа“: Запленети 12 килограми марихуана
Министерството за внатрешни работи, во рамки на оперативната акција „Мрежа“ за сузбивање трговија со дрога, реалзираше три одвоени случаи на недозволена трговија со дрога при што запленети скоро 12 килограми марихуана.
-
Македонија 29.09.2015 13:49
Отворени денови на Катастарот во Скопје
Отворени денови на Катасарот во Скопје, инстутиција која од почетокот на годинава има примено 269 илјади предмети. Од нив, околу 1.600 се уште не се решени. Надлежните велат дека отворените денови се покажале како успешни во решавањето на конкретни предмети.
-
Македонија 29.09.2015 13:23
Одложен стартот на судењето за случајот „Јустиција“
Во Кривичниот суд, одложено рочиштето за „Јустиција“. Обвинети се судии од одделот за прекршоци, за намерно чување предмети во фиока до нивното застарување. Причина- болест на неколкумина од обвинетите.
-
Македонија 29.09.2015 13:19
Водата во Струга исправна за пиење
Водата од градскиот водовод во Струга е исправна за пиење, и забраната за користење ќе биде тргната денеска.
Според директорот на охридскиот Центар за јавно здравје, Атанаско Михаилов, петте последователни анализи на примероци од струшкиот водовод покажале отсуство на патогени материи.
-
Македонија 29.09.2015 10:46
Органски производи на саемот „Агрофуд“
65-от меѓународен саем за широка потрошувачка „Агрофуд“ ќе се одржи од 1-ви до 4-ти октомври. Новитет ќе биде понудата на органски производи исклучиво од македонски производители, што се одгледани според најстрогите законски стандарди.










