-
Македонија 12.09.2015 10:24
Јолевски во посета на транзитниот центар за мигранти во Гевгелија
Министерот за одбрана денеска во Гевгелија ќе го посети транзитниот центар за мигранти на пограничниот премин. -
Македонија 11.09.2015 17:24
Случајот „Монструм“ пред скопска Апелација
Под силно полициско обезбедување, скопска Апелација на јавна седница почна со разгледување на жалбите на осудените во „Монструм“.
-
Македонија 11.09.2015 17:17
Избор меѓу лиценцирана дадилка и градинка
Родителите да внимаваат кому го доверуваат детето да им го чува, додека се на работа, предупредуваат социолозите. Посочуваат дека најчесто се несвесни за ризиците и можат да преживеат хорор како оној што деновиве ја потресе јавноста. Изборот треба да се сведе на дадилки со лиценца или градинка.
-
Македонија 11.09.2015 17:11
МРТ на терен: Засилен бран Сиријци и Авганистанци на Табановце
Македонската телевизија е овде некаде околу половина час. Запознавме многу луѓе, испративме многу групи. Овој пат, не остана празен ниту за еден момент. Постојано поминуваат мигранти кои пешачат за да стигнат до својата посакувана цел во Европа.
-
Македонија 11.09.2015 16:52
Разбиена меѓународна криминална група нарко дилери
11-мина се приведени во регионална полициска акција за сузбивање на група нарко дилери во Македонија, Србија и Албанија. Петмина се уапсени кај нас. Набавувале кокаин, хероин и марихуана преку разработени канали. Биле следени подолг период, информираат во МВР.
-
Македонија 11.09.2015 16:22
Се модернизира дистрибутивната електрична мрежа во општина Илинден
Девет индустриски зони и 175 домашни и странски инвеститори. Тоа е салдото од локалниот економски развој на општина Илинден. Магнет за потенцијалните вложувачи се донесените урбанистички планови, подготвената комунална инфраструктура.
-
Македонија 11.09.2015 15:33
Метео: Утре сончево и потопло време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време од денешното со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен и северозападен ветер особено долж Повардарието.
Максималната температура ќе достигне до 28 степени. Затоплувањето ќе продолжи и во наредниот период.
-
Македонија 11.09.2015 15:31
Пунктовите за бесплатни здравствени прегледи дадоа резултати
Пунктовите за бесплатни прегледи и совети за превенција од топлото време дадоа резултати, велат надлежните.
За два месеци 14 илјади 630 граѓани ги посетиле трите пункта во Скопје. Кај повеќе од 390 за прв пат е откриен висок крвен притисок, а 35 итно се упатени во Ургентниот центар.
-
Македонија 11.09.2015 15:06
Се зголемува бројот на бегалците на границите
Над седум илјади и шестотини мигранти влегле во изминатово деноноќие во земјава со што се удвојува бројот на бегалците коишто накусо ги прифаќаат македонскте власти, а потоа транзитираат до македонско- српската граница.
-
Македонија 11.09.2015 15:05
Континуирано се подобруваат условите во затворите
Процесот на ресоцијализацијата на осудениците зависи од затворскиот персонал. Имаме нов систем на кривични санкции, но за жал казната затвор се уште е најчесто применувана, вели професорот Љупчо Арнаудовски.










